Меѓународниот совет на институти за раководно консултантство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународниот совет на институти за раководно консултантство
Видчленска организација
Дејностраководно консултантство
Основано1987
СедиштеWorldwide
Опслужувани подрачја
меѓународно
Клучни личности
Tim Millar, Australia (Chairman); Brian Ing, UK (Secretary);Dwight Mihalicz, Canada (Treasurer);Sorin Caian, Romania (Vice Chairman);Rob Bodenstein, Austria (Vice Chairman);Elena Yuzkova, Ukraine (Vice Chairman);Kim Karme, Finland (Vice Chairman);Chayaditt Hutanuwatra, Thailand (Vice Chairman);Francesco D'Aprile, Italy (Immediate Past Chair);Reema Nasser, Jordan (Executive Director)
Услугиконсултантство
Мреж. местоhttp://icmci.org

Меѓународниот совет на институти за раководно консултантство (англиски: International Council of Management Consulting Institutes или ICMCI) постои од 1987 година и е глобално професионално тело за менаџмент консултанти. Постои за:

  • подигнување на стандардите на менаџмент консултантите секаде во светот
  • зголемување на прифаќањето и почитувањето на менаџмент консалтинг професијата
  • зголемување на меѓународниот и регионалниот профил на менаџмент консалтинг
  • подобрување на процесот на сертификација низ целиот свет
  • обезбедување на форум за национални тела за издавање потврди на менаџмент консултанти
  • оодготвените и прогласените Стандарди за менаџмент консалтинг да бидат усвоени на меѓународно ниво

ICMCI покажа дека домашните, компетентни и професионални, менаџмент консултанти додаваат капацитет и способност во една економија. Други, пак, покажаа дека во просек постигнатите придобивки од менаџмент консултантски ангажмани се најмалку трипати поголеми од надоместокот што консултантите го наплатуваат. Истражувањата покажуваат дека:

  • домашните, компетентни и професионални, менаџмент консултанти додаваат капацитет и способност во една економија (и во земјите во развој можат да го зголеми успехот на проектите за развој)
  • менаџмент консултантите ја градат конкурентноста на земјата преку забрзување и зголемување на делотворноста при имплементацијата на нови менаџмент техники и организациски подобрувања
  • успешен кадар од професионални менаџмент консултанти го помага подобрување на менаџмент професијата во земјата

Развиените економии имаат тенденција да имаат еден менаџмент консултант на околу илјада од вкупното население, додека пак, економиите во развој имаат по еден менаџмент консултант на секои две илјади. Врз основа на ова, постојат од 2,5 до 3 милиони луѓе во светот кои себеси се сметаат за менаџмент консултанти.

Институтите, Членки на ICMCI, ги претставуваат земјите од сите континенти, и вклучуваат помеѓу 85% и 90% од вкупно сите менаџмент консултанти во светот.

Организација на ICMCI[уреди | уреди извор]

ICMCI е организација во која членуваат само професионални водечки тела за менаџмент консултантство кои се посветени на сертификација на менаџмент консултантите во земјата во која работат.

ICMCI е регистриран како швајцарско здружение водено од Совет составен од доверители (англиски: trustees).Повеќето од доверителите се назначени од страна на Институтите кои се Членови на организацијата, како што е дефинирано во претходниот параграф. Бројот на доверители за секоја земја варира од 1 до 4 во зависност од поединечните членства од страна на поединечни менаџмент консултанти во земјата. Други доверители го сочинуваат Извршниот Комитет (ИК), кој се гласа на секои две години од страна на сите доверители заедно и е составен од: Претседател, секретар, благајник и пет потпретседатели. Под раководството на ИК функционираат различни комитети, работни групи и фокус групи во зависност од потребата. Постојани Комитети се: Комитет за Членство (одговорен за надгледување на приемот на нови членови и континуирано придржување кон барањата на постојните членови), Комитетот за Професионални Стандарди (кој ги опфаќа сите професионални точки, вклучувајќи ги и Стандардите) и Комитет за Квалитет на Услуги (одговорен за проверка дека сите членови, Сертифицирани Менаџмент Консултанти, ги применуваат пропишаните Стандарди). Комитетот за Номинации и Планирање на успех (одговорен за изборот на ИК, и идентификување и негување на потенцијални идни доверители за ИК) е одговорен пред сите доверители како целина.

Покрај доверителите, Комитетите може да вклучат и поединечни менаџмент консултанти, членови на Институтите (претходно одобрени од тој Институт).

Сите доверители кои се во ИК мораат да бидат Сертифицирани Менаџмент Консултанти (англиски: Certified Management Consultants или CMC) и за време на изборите да бидат доверители од Институт кој е Полноправен Член на ICMCI. Нивниот ангажман е волонтерски и придонесуваат, во просек, еден до три дена неделно работа за организацијата. Во 2013 година, организацијата назначи Извршен Директор.

Во знак на поддршка, организацијата има постојан секретаријат кој работи за Комитетите и доверителите, вклучувајќи ги и сметководството, комуникациите и одржувањето на мрежната страница.

На мрежната страница (www.icmci.org) има подетални информации и контакти од доверителите од Извршниот Комитет, Извршниот Директор и Секретаријатот.

Сертифициран Менаџмент Консултант[уреди | уреди извор]

Професионалните купувачи на менаџмент консултантсво во светот наведуваат дека клучните барања на менаџмент консултантството се во растечки ред на приоритет: Знаење (на менаџментот, функцијата, секторот, општата економија, процесите и бизнис професиите), Вештини (аналитички и интер-персонални), Компетентност (способноста да ја менаџираат задача во тесна комуникација со клиентот), и Доверба (чување на организациските тајни, доверливост, интегритетот). Поголемите купувачи се свесни дека Магистратурата по Бизнис Администрација обезбедува докази за знаењето и аналитички вештини и, во зависност од курсот, пример некои курсеви за консултантски услуги и краток период на релевантно работно искуство.

ICMCI ги сфати овие барања и разви квалификации за Сертифициран Менаџмент Консултант. Овој сертификат примарно се доделува со процена заснована на компетенции придружена со Стандардна рамка на компетенции дефинирана од страна на ICMCI (види: http://www.icmci.org/?page=6972393 ) која како предуслов користи докази за поседување на соодветно знаење и најмалку три години успешна работна пракса. Се испитуваат студии на случај и се презема проценка на компетентноста. Сите носителите на квалификацијата се бара да бидат членови на нивните национални ICMCI Членки и на тој начин се посветени на кодексот на професионално однесување, најмалку толку рестриктивни колку што се дефинирани со ICMCI стандард (види: www.icmci.com ): оние кои не ги исполнуваат стандардите се предмет на дисциплинска постапка која може да резултира со отстранување на CMC ознаката. Сертифициран Менаџмент Консултант е еквивалент (земајќи ги предвид културните разлики) во сите земји и беше прва бизнис професионална квалификација во светот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во мај 1987 година, триесет и два менаџмент консултанти од десет земји се состанаа за да ги истражат основи на професионалните институти кои биле познати по сертификација на поединечни менаџмент консултанти. На крајот на дводневниот состанок делегатите предложија формирање на Меѓународниот Совет на Институти за Менаџмент Консалтанти со цел подобрување на сертифицирањето на менаџмент консултантите во целиот свет. Институти за менаџмент консултантсво од седум земји ја формираа основата на новиот Совет.

Во 1989 година организациската структура на Советот, вклучувајќи ги и барањата за членство и процесот за апликација веќе беа поставени. Членство се зголеми на десет Институти со четири апликации во тек. Триесетте делегати од единаесет земји, кои присуствуваа на оваа сесија ги ратификуваа критериумите за структура и членство, се согласија да го формираат ICMCI како швајцарско здружение и го одобрија ICMCI Кодексот за професионално однесување. Овој ICMCI Кодекс стана првиот, а можеби и сè уште еднинствениот, меѓународен кодекс на однесување за секоја професија.

Во 1993 година беше усвоен стратешкиот план на ICMCI од страна на членовите. Одликите кои овој план ги вклучуваше беа: Меѓународни Стандарди, поддршка и придржување од Институтите членки, зголемено меѓународно признавање со поддршка (од меѓународни знчајни фактори и Институти членки) за сертификација на компетентни менаџмент консултанти на СМС (Certified Management Consultant) титула со потекло од канадскиот член кој беше воодушевен да овозможи ICMCI да ја користи титулата во целиот свет.

Од 1999 до 2003 стандардите за компетитивните СМС квалификации континуирано се развиваа и се услогласуваа. Се разви и програма за обезбедување на квалитет со цел осигурување дека сите носители на СМС се со еквивалентен стандард: првата бизнис квалификација која го постигна ова. СМС е светски еталон за компетенција, објективност, независност и професионалност во менаџмент консултантството.

Во јули 2001 година, ICMCI доби Специјален Консултативен Статус од страна на Економскиот и Социјален Совет на Обединетите Нации (англиски: United Nation’s Economic and Social Council или ECOSOC). Оттогаш, ICMCI, обезбедува научни трудови засновани на истражување за поддршка на целите на Обединетите Нации или на нејзините членки.

Од 2007 година , ICMCI го прошири работењето со меѓународнитела и организации вклучувајчи го ISO (Меѓународната организација за стандардизација ), CEN (Центраот за европски норми), EBRD (Европската Банка за обнова и развој ), IAF (Меѓународниот форум за каредитација) и ILO (Меѓунраодната органзиација на трудот)

ICMCI member countries

Во 2011 година ICMCI започна координирана серија на иницијативи кои доведоа до назначувањето на ICMCI Академски соработници, првото доделување на титулата "СМС фирма".

CMC ФИРМА[уреди | уреди извор]

"CMC фирма" е меѓународна акредитација на Менаџмент Консалтинг фирми управувани од страна на ICMCI и поддржана од страна на сите Институти членки на ICMCI. ICMCI управува со глобалниот директориум на СМС фирмите, кој е објавен на нивната мрежната страница. Концептот е заснован на акредитација на фирми преку признавање на нејзините високи стандарди на извонредност со фокус на етички практики, стандарди на однесување како и практики за менаџмент консултантство.

Поконкретно, за една фирма да добие статус на СМС фирма, таа мора да биде евалуирана со цел проверка на кодовите на етика и стандарди на однесување кои мора да бидат слични на оние од ICMCI. Како додаток на ова, фирмата мора да демонстрира дека нејзините менаџмент консултанти дејствуваат во својата област следејќи слични структури на знаење како оние од кои е составена основата на професијата Сертифициран Менаџмент Консултант. Еден од начините за да се утврди ова е со преглед на внатрешната програма за развој, следењето на кариерите, како и јасно покажувајќи дека голем број на поискусните менаџмент консултанти или се веќе СМС или работат кон постигнување на таа цел.

Аспект 1 – Код на однесување – СМС фирмите мора да следат код на однесување кое е еквивалентен или подобар од ICMCI кодот кој веќе го користат повеќе од 46 земји низ светот. Доказите за овие барања можат да вклучуваат:

- Обука во компанијата и комуникации – Авторски дела на компанијата (код на однесување и слично) – Повратна информација од клиентите – Конфирмација од локални Институти – Признанија од други консултативни тела – Повратни информации од консултанти – Информации од јавен карактер (интернет, вести и слични)

Аспект 2 – Процес на професионално развивање

СМС фирмите мора да вработуваат, обучуваат и ги насочуваат своите консултанти за да ги исполнат стандардите на професионална компетентност кои се еквивалентни или подобри од тие на ICMCI моделот за компетентност.

Доказите за овие барања можат да вклучуваат: - Правила на вработување – Модел на компетентност на фирма за менаџмент консултантство – Програми за обучување на консултанти – Процеси за планирање и оценување на личен развој – Квалификација на консултанти (СМС и сл.) – Време и ресурси за обучување – Повратна информација од клиенти – Извештаи и презентации од консултации

Аспект 3 – Учесник во Професионалната околина – СМС фирмата мора да учествува активно во менаџмент консалтинг професијата во сите земји каде што работи. Доказите за овие барања можат да вклучуваат:

- Соработка со трговски/индустриски организации и професионални тела – Издавање на професионални статии, осврти, блогови – Јавно говорење и конференции – Предавање на менаџмент консалтинг во Бизнис училишта, Универзитети и слично – Искусен кадар со официјални улоги во локалните Институти – Финансиска поддршка за професионални активности – Обука и менторство на консултанти во други фирми.

Придобивките кои ги добива СМС фирмата со вклучување во глобалниот директориум на СМС фирми е предност за секоја акредитирана менаџмент консалтинг фирма, благодарение на глобалното признание на сопствениот стандард за извонредност постигнат со специјален фокус на етичките начини на работа и стандардите на однесување, внатрешните процеси, како и, практиките на менаџмент консултантството.

Овој услов ја поставува секоја СМС Фирма во овој глобален клуб на консултантски фирми на уникатна позиција на глобално ниво. Со постигнување на акредитација за СМС Фирма, консултантската фирма станува член на одбран глобален директориум на консултантски фирми кои се наоѓаат на пет континенти, со различни бизнис култури и професионални однесувања, но со исти стандарди на извонредност, оценети и акредитирани од независни организации, односно глобалниот Институт кој го поврзува Националниот Институт за менаџмент консултантство на интернационално ниво. Најдобрата средина за да се најдат партнери и да се дизајнираат меѓународни мрежи со цел да се менаџираат интернационални проекти и успешно учество во глобализираниот свет.

Позадина

Проектот за акредитација на СМС Фирми беше започнат како пилот проект на ICMCI во 2013 со акредитација на првата СМС Фирма, Hejun Consulting Co. Ltd сместена во Пекинг (Кина). Благодарение на официјалните признанија добиени во Јоханесбург во септември 2013 за време на конгресот на ICMCI, акредитацијата на СМС Фирми започна како формална глобална практика на ICMCI од октомври 2013.

Академски соработници на ICMCI[уреди | уреди извор]

Ознаката Академски соработник на ICMCI е наменета да биде ознака за дистинкција, која вклучува академици од целиот свет кои придонесоа кон проучување и учење на менаџмент консултантство. Таа се доделува од страна на ICMCI на соодветно квалификувани поединци врз основа на препорака на локалниот Институт за Менаџмент Консултантство (ИМК). Кандидатите мора да поседуваат позиција во академски призната институција, посебно на јавно акредитиран универзитет и мора да бидат ангажирани во истражување и/или настава во внатрешните или надворешните полиња на менаџмент консалтинг најмалку пет години. Предности на локалните ИМК: Привлекување и ангажирање на нова група на чинители која би додала вредни нови перспективи и увид во рамките на нивната менаџмент консалтинг заедница, заедно со очекување дека соработникот ќе покаже видливи интереси и вклучување во менаџмент консалтинг професијата. Со зголемување на членството преку потенцијален развој на менаџмент консалтинг струите во рамките на магистерски или други универзитетски бизнис програми преку кои би можело да се додели СМС акредитација со соодветна демонстрација на знаење (know what) и компетентност (know how).

Прагматичен придонес кон дебатите во рамките на ИМК на академски прашања, вклучувајќи ги и годишните конференции каде што соработниците и другите сродни академици, може да ги профилираат нивните истражувања и настава на најдобрите практики.

Предности на Академскиот соработник: Подобрен академски и професионален профил кој произлегува од назначувањето заедно со меѓународно признание. Покани за учество на меѓународни конференции и центари за средби со можност за излагање на применети истражувања и публикации. Поддршка за соодветни меѓународни истражувачки проекти во полето на менаџмент консалтинг, во смисла на обезбедување на контакти од индустријата и основни истражувачки извештаи, заедно со поддршка за финансирање на апликациите. Поддршка за големи студентски проекти преку запознавање со СМС клиенти или директно со СМС консултанти. Првиот круг на номинации беше реализиран во 2013 година со 16 академици од целиот свет на кои им беше доделена ознаката Академски Соработник. Поставена е цел за 100 Академски соработници.

Членство[уреди | уреди извор]

Членство во ICMCI е достапно само за Здруженија или Институти за Менаџмент Консултантство кои ги задоволуваат барањата наведени подолу. Поединечните консултанти се поканети да го контактираат нивниот национален Институтот. Ако нема ICMCI членка во нивната земја, тие треба да го контактираат [reference to GIMC] Постојат два типа на членство: Привремени Членови и Полноправни Членови. Полноправни Членови се оние на кои им биле проценети процесите на квалитетот и можат да доделуваат СМС (види дел 2 погоре) и во зависност од нивната големина, да назначат број на доверители до ICMCI - всушност до директорите на ICMCI. Сите членови треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Формално основани со статут кој ги исполнува очекувањата на ICMCI
  • Посветени на сертифицирање на поединечни менаџмент консултанти
  • Најзначајното тело кое ги задоволува погоре наведените услови во нивата земја

Во ретки случаи (поврзани со јазик, историја) може да постои повеќе од еден Член во една земја (како што е признато во ОН).

Интернационални програми[уреди | уреди извор]

ICMCI во извршување на своите цели во корист на професијата (а исто така и за придобивките што професијата може да ја донесе за сите економии) воспоставува врски со меѓународните органи, органи кои се поголем предизвик за нашите поединечни национални Институти членки да имаат корисна врска. Подолу се наведени некои од овие линкови:

5.1 ОН НВО статус Имајќи го НВО статусот со ECOSOC од 2001 година, ICMCI е активен на два начина. Еден од нив е реактивено снабдување со совети и мислења на прашањата кои се испитуваат од страна на ECOSOC и сродни тела. Претходните примери биле за придобивките од домашните компетентни менаџмент консултанти во проектите за развој и во подобрувањето на економијата преку зголемување на способноста и капацитетот на економијата. Уште еден напор беше да се поддржи предлогот за употреба на нови технологии во земјите во развој: советите дека за да биде успешно воведувањето на дополнителна технологија, не само што мора технологијата да биде соодветна, туку и аспектите на луѓето (во секоја смисла на зборот) и имплементацијата на процесот да бидат, исто така, соодветни со потребите, со цел инвестицијата во технологијата да се исплати.

5.2 Академски соработници на ICMCI Ознаката за Академски соработник на ICMCI е знак на особеност која ги признава академиците од целиот свет кои придонесоа за студија и учење на менаџмент консултантството. Таа се доделува од страна на ICMCI на соодветно квалификувани поединци врз основа на препорака од локалниот Институт за Менаџмент Консалтантство.

5.3 CMC Фирма ICMCI награди меѓународна акредитација на Менаџмент Консалтинг фирми наречен "СМС Фирма". Акредитацијата признава фирма за нејзините високи стандарди на извонредност со специфичен фокус на етички практики, стандарди на однесување заедно со способноста да се практикува менаџмент консалтинг според највисоките стандарди. ICMCI управува со глобален директориум на СМС фирми, објавен на официјалното мрежно место.

5.4 Акредитирани курсеви на ICMCI ICMCI има шема преку која националните членови може да акредитираат курс за менаџмент консултантство што е во согласност со стандардите на ICMCI. Ова му дава на курсот меѓународно признание.

5.5 Соработка со други тела ICMCI е набљудувач на Меѓународниот Форум за Акредитација (англиски: International Accreditation Forum или IAF) и е задоволство да се биде во можност да се придонесе кон Комитетите и работните групи со оглед на ревидираниот ISO17024 стандард и квалификациите на ISO 17024 асесоари. Искуство како меѓународено тело кое одржува еквивалентен стандард за квалификација низ различни континенти и култури е од корист на нормално една земја врз телата за акредитација во IAF.

ICMCI поведе иницијатива да се развие ЕУ тип на стандардизирана услуга за менаџмент консултантство преку Центар за европски норми (англиски: Centre for European Norms или CEN) и го спонзорирана напорот за да се произведе EN 16.114 во 2011 година, со Италијанското тело за стандардизација (The Italian Standards Body или UNI) како Секретаријат за комитетот за проектот. ICMCI се задоволни повторно да работотат со UNI за да го поддржат новиот комитет за проекти кој го истражува производство на аналогни стандард за ISO. ICMCI е горд што е тесно поврзан со ЕБОР (Европската Банка за Обнова и Развој) во развојот на употребата на професионални услуги во спојување на економиите во транзиција во Средна и Источна Европа, Средна Азија и Северна Африка. Во некои земји, постоечките ICMCI Членови се составен дел на напорот, додека пак во други земји во напорот се вклучени посебно формирани нови професионални тела.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]