Металофон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Металофон

Металофон е музички инструмент сличен на вибрафонот. Разликата е во тоа што металофонот нема вибрирачки уред. Резонаторот е направен од дрво во форма на сандаче на кое лежат плочките. Прилагоден е така да располага со една октава и може да има некој тон повеќе, а се користи во детско музицирање во состав на Орфов инструментариј.