Мерцедес гран при

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Mercedes-Benz AMG Petronas Formula One Team Logo Wheelsology.JPG

Мерцедес АМГ Петронас Ф1 тим е тим и конструктор во Формула 1. тИМОТ дебитирал во 1954 године. Имал многу успеси во 1954 и 1955 година во Формула 1. Насловот за овој тим во тоа време го освоил петократниот првак во формула 1, Хуан Мануел Фанхио. После 1955 година тимот се повлекол од натпреварите. Иако од деведесетите години на дваесетиот век се јавува како снабдувач на мотори за Ф1 тимовите, дури од 2010 година се враќа на натпреварувањето како самостоен тим.[1] Тоа било најавено во новември 2009 година кога Мерцедес-Бенц (Дајмлер АГ) во партнерство со фирмата Абар инвестментс купила 75,1 % од акциите на тима Брон ГП (Дајмлер: 45,1 %, Абар: 30 %). Брон го освоил светско возачко и конструкторско првенство во Формула 1 во 2009 година во единствената сезона на своето постоење, после што на почетокот на март ја купиле Хонда Ф1. Од 2010 до 2012 година за овој тим возеле седмократен првак во формула 1 Михаел Шумахер, и Нико Розберг. Од 2013 година, шумахеровото место го завзема Луис Хамилтон кој го освојува насловот првак во формула 1 за сезоната 2014, 2015 и 2017 година. Нико Розберг ја освоил титулата во 2016 година, па поселе тоа одеднаш, изненадно се пензионирал. Во тимот го заменил Валтери Ботас. Четири сезони од 2014 до 2017 година тимот ги освојувал титулите во конкуренција на конструктори. Доминацијата на Мерцедес АМГ Петронас тимот била константна затоа што најуспешниот свој болид го приспособиле на новите правила и новите хибридни погонски единици.

Наводи[уреди | уреди извор]