Мери Вард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мери Вард

Мери Вард (27 април 1827 – 31 август 1869 година, возраст 42) била Англо-Ирски природник, астроном, автор и изведувач.[1] Таа загинала кога паднала под тркалата на експерименталниот автомобил на пареа изграден од страна на нејзините братучеди. Бидејќи настанот се случил во 1869 година, таа е првата личност за која се знае дека загинала од моторно возило.

Почетокот на животот[уреди | уреди извор]

Родена била како Мери Крал на 27 април 1827, како најмладо дете на Хенри и Хариет Крал. Таа и нејзините сестри биле образовани дома, како што било случај со повеќето девојки во тоа време. Сепак, нејзиното образование било малку поинакво од вообичаеното, бидејќи таа потекнувала од реномирано научно семејство. Била заинтересирана за природата од рана возраст, а од 3 годишна возраст собирала инсекти.[2]

Интереси[уреди | уреди извор]

Вард била аматерски астроном, својот интерес го споделувала со нејзиниот братучед Вилијам Парсонс. Парсонс изградил телескоп со огледала од околу 180 цм кој бил најголем во светот до 1917 г. Вард била чест посетител на замокот Бир. Заедно со фотографиите што ги направила сопругта на Парсон, скиците на Вард помогнале при возобновувањето на телескоп.[3]

Вард исто така цртала инсекти. Таа користела лупа за да ги види ситните детали, а потоа татко и и купил микроскоп. Ова бил почетокот на нејзината доживотна страст. Таа почнала да чита се што можела да најде за микроскопите, и стекнала стручно знаење. Физичарот Дејвид Бревстер ја замолил да направи цртежи кои ги користел во своите книги и статии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Turner, Gerard L'Estrange. „Ward [née King], Mary [pseud. the Hon. Mrs Ward] (1827–1869), microscopist and author“. Oxford University Press. конс. 9 March 2017. 
  2. „Mary Ward (1827–1869)“. University Science. Архивирано од изворникот на 16 April 2005. конс. 9 March 2017. 
  3. „Mary Ward Illustrations Exhibition“. Архивирано од изворникот на 12 March 2017. конс. 9 March 2017.