Марко Крале и бегот Костадин
Изглед
Марко Крале и бегот Костадин (српски: Марко Краљевиһ и бег Костадин) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од Грујо Меанџиќ од Сентомаш во Бачка.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Бегот Костадин го кани својот побратим Крале Марко на гости, но тој ја одбива поканата зашто при последната нивна средба бегот постапил нечовечно: најпрвин, две сирачиња барале милост од бегот, но тој го избркал, а тогаш Крале Марко ги однел во чаршијата, ги нахранил, ги облекол и ги испратил во дворецот на бегот, кој тогаш ги дочекал убаво; второ, старите господари кои во меѓувреме осиромашила, бегот ги ставил на дното од трпезата, а на чело ги ставил новозбогатените; најпосле, бегот не ги поканил на трпезата своите родители.[2]