Марија Светиева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марија Светиева[уреди | уреди извор]

Марија Светиева е родена во 1960 година во Скопје. Таа дипломирала во 1987 година на Факултетот за ликовни уметности

во Скопје, графика и графички дизајн. Истата година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија - ДЛУМ. Во 1990 година добива стипендија и специјализира графика во Болоња, Италија. Во 1991 година станува член на Меѓународното здружение на графичари во Рим и на Меѓународното здружение на новинари во Рим. Од 1992 - 1996 година, раководи со

филмската продукциска куќа Farfara Ansalt во Рим. Има посетено многу центри на филмски фестивали во Европа, Америка и Азија и има пишувано за чешкото филмско списание Премиера, како

и за македонските списанија: Жена, Пулс, Млад борец, Форум,

Утрински весник.Во 2004 година дипломира на педагошкиот отсек на Педагошката

Академија во Скопје.