Малите лисици (филм од 1941)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Малите лисици (англиски: The little foxes) - американски филм од 1941 година, во режија на Вилијам Вајлер, по сценариото на Лилијан Хелман, засновано врз нејзината истоимена драма од 1939 година. Главните улоги ги играат: Бет Дејвис, Херберт Маршал, Ц. Дингл, Ц. Бентон Рид и Тереза Рајт. Филмот бил номиниран за „Оскар“ во девет категории, но не победил во ниедна и така станал првиот филм во историјата кому му се случило тоа.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Реџина Гиденс (ја игра Дејвис) е аристократка од Југот на САД која се бори за имотот и за личната слобода против конзервативните општествени норми на почетокот од XX век, кога само синовите се сметале за законски наследници на таткото. Поради таквите закони, нејзините алчни браќа Бенџамин (го игра Дингл) и Оскар (го игра Бентон Рид) воопшто не мора да се грижат за својата егзистенција, додека неа ја издржува сопругот Хорас (го игра Маршал) кој боледува од тешка срцева болест...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]