Македонски Архивист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски Архивист

Македонски Архивист било списание на Сојузот на друштвата на архивските работници и архивите во Македонија[1]. Излегувало повремено и со поголеми паузи. Се печатело во периодот од 1972 до 1991 година во Скопје. Објавувало прилози од областа на архивистиката, дејноста на ДАРМ и неговите подрачни одделенија, историски извори и сл. Прв главен уредник бил Тодор Талески, а потоа Милош Константинов од 1982 година. Објавени се вкупно 19 броја[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „База данных“ (руски). Институт научной информации по общественным наукам. Архивирано од изворникот на 2008-03-12. Посетено на 2010-04-22.
  2. Државен архив на Република Македонија 1951-2006, Скопје, 2006