Мажинова линија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мажино линија)

Мажинова линија[1] — линија од бетонски утврдувања, тенковски препреки, митралески гнезда и останати видови одбрана кои Франција ги изградила по должината на своите граници кон Германија и Италија пред Втората светска војна. Терминот го опишува целиот одбранбен систем или само одбраната кон Германија. За делот на одбрана од Италија се користи терминот Алпска линија. Французите верувале дека таквите градби ќе им овозможат доволно време за мобилизација во случај на напад како и дека би компензирале тоа што имаат помалку бројна војска. Успехот на статичката дефанзивна борба во Првата светска војна имал клучно влијание за ваквото размислување во Франција.

Планирање и изградба[уреди | уреди извор]

Оваа одбрана прв ја предложил маршалот Жозеф Жофр. Спротивно на овој негов став застанале Пол Рејно и Шарл де Гол кои претпочитале авијација. Жофр имал поддршка од маршал Филип Петен а имало и повеќе извештаи и комисии кои биле организирани од владата. Андре Мажино е човекот кој ја убедил владата да инвестира во еден ваков проект. Мажино бил ветеран од Првата светска војна кој потоа станал министер за ветерански работи, а подоцна и министер за војна (1922-1924; 1929-1930; 1931-1932).

Линијата е градена во неколку фази од страна на STG (француски: Section Technique du Génie), а надзор вршел COFR (француски: Commission d'Organisation des Régions Fortifiées). Главните редови биле завршени до 1935 година и чинеле околу 3 милијарди француски франци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мажинова линија“ — Лексикон на македонскиот јазик