Лисолај оро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лисолај е мешано македонско оро, кое кореографски потекнува од Битолско.[1]

Ова е умерено брзо оро, кое се игра со одмерени чекори и потскоци. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот, и се држат за појас. Ритамот е 9/16.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 182-184