Линија на сиромаштија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Процент на населението кое живее со помалку од $1,25 дневно. Процена на Обединетите нации

Линија на сиромаштија - ниво на животен стандард, што треба да се достигне за едно лице/домаќинство да не биде класифицирано како сиромашно. [1] Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход. [2]

Линијата на сиромаштија варира од држава до држава, така што во високоразвиените земји како Германија, Франција, и Обединетото Кралство е далеку повисока од онаа во Судан, Индија и сл. Светската банка во 2008 ја меѓународна граница на сиромаштија на $1,00 дневно, односно $1,25 според паритетот на куповна моќ.

Прагот на сиромаштија обично ја зема во обѕир потрошувачката кошница. Ова го одредува апсолутниот минимум на производи (главно храна) потребни за човекот да преживее. Бидејќи потрошувачките кошници варираат од земја до земја, секоја земја има своја специфична линија на сиромаштија. Сепак, поимот потрошувачка кошница е предмет на статистичка манипулација, така што таа сè помалку се користи во развиениот свет. На пример, Соединетите Држави честопати биле критикувани затоа што сè уште ја користат истата потрошувачка кошница што ја користеле во 1950-тите. Како и да е, населението под линијата на сиромаштија во САД е високо во споредба со остатокот од развиениот свет.

Линијата на сиромаштија не може најдобро да ја рефлектира економската состојба на една земја токму поради горенаведените варијации во нејзиното одредување. Економистите ја користат оваа статистика пред сè затоа што покажува трендови во здрава економија.

Линија на сиромаштија во Македонија[уреди | уреди извор]

Праг на сиромаштија[уреди | уреди извор]

Прагот на сиромаштија за четиричлено домаќинство (2 возрасни и 2 деца помали од 14 години), годишен еквивалентен приход, за Македонија според Државниот завод за статистика даден по години: [2]

  • 2018 – 203.700,00 ден.
  • 2017 – 189.252,00 ден.
  • 2016 – 173.376,00 ден.

Стапка на сиромаштија[уреди | уреди извор]

Стапката на сиромаштија како процент од населението за Македонија според Државниот завод за статистика даден по години: [2]

  • 2018 – 21,9%
  • 2017 – 22,2%
  • 2016 – 21,9%

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сиромаштија“. Државен завод за статистика. 10.02.2011. Посетено на 21 септември 2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2018 година - дефинитивни податоци“. Државен завод за статистика. 23.12.2019. Занемарен непознатиот параметар |http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)