Лижавче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лижавче со бои на виножито

Лижавче (англиски “lollipop”, ”pop”, ”lolly”, ”sucker”, или ”sticky-pop”) - вид на кондиторски производ кој главно се наоѓаат во цврста состојба, со вкус на шеќер, сируп од пченка, поставени на стапче наменети за лижење.[1] Достапни се во сите видови облици и со различни вкусови.

Видови[уреди | уреди извор]

Лижавчињата се достапни во голем број бои и вкусови, особено овошни. Бидејќи постојат многубројни компании кои произведуваат лижавчиња, овие слатки можат да се најдат со секакви вкусови и различни облици. Тие се рангираат по големината, од мали бонбони од кои се прават по стотици парчиња и кои често се раздаваат бесплатно во банките, фризерските дуќани и др. до големи кои се направени во форми на бастуни и извртени во круг. Некои лижавчиња се исполнети со фил, како што се мастиките или меките бонбони. Некои нови видови на лижавчиња се необично направени, како што се на пример ларви вградени во лижавчето. Некои други пак не се за јадење во кои е вградено светло што трепка внатре во лижавчето, исто така има и лижавчиња кои имаат вградено моторизиран уред кој прави лижавчињата сами да се вртат во нечија уста. Некои лижавчиња се продаваат со цел наменети за диета иако нивната ефикасност не е тестирана, и има смешни случаеви кадешто некои ја загубиле својата тежина поради моќта на потсвеста. Лижавчињата со вкус на лекови за децата се направени со цел децата ефективно да ги примат лековите без никаков проблем. Производителите на лекови исто така прават лижавчиња кои содржат фентанил, моќен аналгетик. Во земјите на север, Германија и Холандија, има лижавчиња кои имаат солен вкус.

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата за јадење слатки на стапчиња е многу едноставна а тоа е најверојатно бидејќи лижавчињата биле откривани безброј пати. Историјата на првите лижавчиња во Америка е многу пати изменета и изобличена. Според некои шпекулации е изјавено дека лижавчињата биле откриени за време на Граѓанската војна во Америка (од 1861г. до 1865 г.) . Некои пак веруваат во друга верзија дека лижавчињата дека тие се откриени во раните 1800 години. Се тврди дека Џорџ Смит е првиот човек кој го вовел модерниот стил на лижавчињата во 1908 г. и нивното име го заштитил со знак во 1931г. Тој ја искористил идејата да направи лижавче на стапче за да биде полесно за јадење и им го дал името според популарен тркачки коњ, наречен “Lolly Pop” (Лолипоп). Зборот “lolly pop” датира до 1784 година, и првично е кажано дека се однесува на меки отколку тврди слатки. Овој збор можно е да потекнува од терминот “lolly” (јазик) и “pop” (шамар). Првите знаци за лижавчето со својот модерен облик датираат до 1920 тите години. Можно е тој збор да е од романско потекло поврзан со традицијата во Рим која се однесува на јаболко-лижавчиња кои се продаваат на стапче. На романски јазик “Red apple” се вика “loli phaba”. Првите слатки кои личат на тоа што ние денес го нарекуваме лижавче, датираат во Средниот век каде благородниците често јаделе топен шеќер со помош на стапчиња или рачки. Откривањето на модерното лижавче е сеуште мистерија но неколку Американски компании во раниот дваесетти век побарале да го разјаснат тоа. Водејќи се според книгата “Food for Thought” (Храна за мислите), : Необични мали хроники на светот, лижавчињата биле пронајдени од страна на Џорџ Смит од градот Њу Хевен, Конектикат, кој започнал да прави готвени слатки на стапчиња во 1908 година. Ги нарекол според една трка со коњи во тоа време, “Lolly Pop” (Лолипоп).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Lollipop". How Products are Made. Advameg Inc. 2007. конс. 2007-08-19.