Лидија Размоска
Лидија Размоска | ||
Родена | 21 јануари 1982 Охрид, Македонија |
---|
Лидија Размоска (Охрид, 21 јануари 1982) — македонска поетеса и културен работник[1][2].
Животопис
[уреди | уреди извор]Размоска е родена е во Охрид, на 21 јануари 1982 година. Основно и средно образование завршува во Охрид, а во Скопје дипломирала на катедрата за педагогија. Во 2011 година магистрира на тема „Делотворна деловна комуникација во основното училиште“. Работи како педагог и културен работник. Член е на литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид. Учествувала на културни манифестации од областа на литературното творештво.[3]
Размоска се јавува како уредник на книги од разни македонски автори: Ристо Стефов (Short history of the Macedonian People), Мишо Јузмески („Премин во маглата“, „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, „Сто години копнеж“), Наум Трајчески („Секојдневие“, „Грст мудрости“, „Патеки на животот“) и др.[4]
Објавени книги
[уреди | уреди извор]- „Езерска воздишка“ - стихозбирка (Скопје, 2005) ISBN 9989-922-97-7
- „Делотворна деловна комуникација во основното училиште“ - (Охрид, 2012) ISBN 978-9989-911-33-0
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лидија Размоска: Кон објавеното дело „Родослов на елшанските семејства – Елшани низ историјата“ од Борис Гопоски
- Стихови од Лидија Размоска во „Народна волја“ Архивирано на 9 декември 2010 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Културни манифестации ДЕНЕС...“. Вечер. 5 септември 2006. Посетено на 2010-11-07.[мртва врска]
- ↑ Л. Размоска ја промовира книгата „Сто години копнеж“
- ↑ „ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ НА ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ, „ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ"“. Блесок. 23 септември 2010. Посетено на 2010-11-07.[мртва врска]
- ↑ Јузмески, Мишо:„Сто години копнеж“; „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“;„Премин во маглата“
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |