Либела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Типична цевчеста либела

Либела, водена вага, водена терезија или васер-вага – алатка за поставување на рамнини во хоризонтална или вертикална положба и мерење на аголот на наклонот. Често е дел од некоја друга алатка или инструмент.

На оптичките инструменти либелата може да биде цевчеста или кружна.

Цевчестата или цилиндричната либела се состои од стаклено или пластично цевче наполнето со загреан метилалкохол, етилалкохол или со сулфурен наркозен етер и вграден по должина во дрвена или метална рамка со различни конструкции. После ладењето на течноста во цевчето останува безвоздушен простор (меур). Придвижувањето на меурот во цевчето преку гравирана скала дава индикација за наклонот на либелата и објектот на мерењето на кој е налегната.

Кружна либела

Кружната или центричната либела има посатка во облик на затворен исправен цилиндар со гравиран стаклен капак во облик на концентрични кругови. Централниот меур останува во центарот само ако либелата е во совршена дводимензионална положба.

На воздухопловните инструменти, либелите се делат на напречни и надолжни, а го мерат наклонот на воздухопловот (напречна или надолжна).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]