Лелејска гора (филм)
„Лелејска гора“ — југословенски филм од 1968 година во режија на Здравко Велимировиќ. Главните улоги ги играат: Слободан Димитријевиќ, Миливоје Живановиќ и Јоже Зупан.[1] Филмот е снимен според истоимениот роман на Михаило Лалиќ.
Синопсис[уреди | уреди извор]
Ладо Тајовиќ, по партиска задача заминува во родното место во Црна Гора за илегално да ја шири пропагандата за ослободителното движење. Опкружен со непријателите од сите страни, вечно буден за да ги избегне стапиците, Ладо се бори против луѓето кои се кукавици и подготвени на предавство, а истовремено се бори против сопствените искушенија и халуцинациите од кои страда за време на самотијата. Иако истрајно ги почитува партиските директиви, во еден миг тој му подлегнува на искушението и добива нагон за одмазда...
Наводи[уреди | уреди извор]
Категории:
- Југословенски филмови
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1968 година
- Филмови на Здравко Велимировиќ
- Филмови засновани на романи
- Филмови чие дејствие се одвива во Црна Гора
- Филмови за Втората светска војна
- Филмови со Слободан Димитријевиќ
- Филмови со Миливоје Живановиќ
- Филмови со Столе Аранѓеловиќ
- Филмови со Јоже Зупан
- Филмови на Космет филм
- Филмови со Анка Зупанц