Михаило Лалиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михаило Лалиќ (7 октомври 1914 - 30 декември 1992) — црногорски и српски писател[1][2][3][4][5][6].

Писател кој на самиот почеток на својата книжевна работа се определил за јасен тематски круг (НОБ), за одредено географски поднебје - Црна Гора и специфичен избор на ликови, случувања и романескни приказни. Започнал со книгата Стазама слободе - 1948, но за кратко време се определил за проза, која станала исклучива форма на уметничкото гледање на времето, случувањата и човечките судбини. Според неговото сценарио е снимен филмот Свадба во 1973 во режија на Радомир Шарановиќ, и иако така е направена екранизација на неговиот роман Лелејска гора во 1968.

Прв добитник е на Његошевата награда во 1963 за романот Лелејска гора. Потоа НИН - ова награда 1973 за романот Воена среќа. Воедно е и член на САНУ.

Во неговите романи се прикажува времето на партизанското војување кога дошло до криза, кога се пробудиле старите конфликити и поделби, време кога не можело да се насети неизвеснота на војната. Неговите јунаци се зафатени со морални и психолошки кризи, па оттука внатрешниот монолог како основно и доминантно средство при уметничкото обликување на ликовите. Во создавачката пракса на Михаило Лалиќ интересен е уштее ден феномен: постојано се навраќа кон веќе завршените раскази и романи и незадоволен со оствареното, им пристапува и повторно ги преработува. Романот Раскин после 14 години дожиевал преработка со значајна измерна во нарацијата, изборот на ликовите и нивната структура. Втора верзија доживеал и романот Лелејска гора.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Čitač knjiga“. digitalna.nb.rs. Посетено на 2018-10-20.
  2. „Jovan Deretic: Kratka istorija srpske knjizevnosti“. www.rastko.rs. Посетено на 2018-12-13.
  3. „- Crnogorski đaci bez najvećih pisaca“. www.politika.rs. Посетено на 2018-12-13.
  4. „Nova ratna proza“. www.vreme.com. Архивирано од изворникот на 2018-05-07. Посетено на 2018-12-13.
  5. „Zaborav nad zlim prolećem“. www.novosti.rs (српски). Посетено на 2018-12-13.
  6. Radisavljević, Z. „Posveta Mihailu Laliću“. Politika Online. Посетено на 2018-12-13.