Лекарски рецепт

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лекарски рецепт, скратено Rp, или Rx (името и скратеницата доаѓаат од латинскиот recipere = зема[1]) — писмено упатство од лекар до фармацевт за тоа кој лек да се подготви или да се издаде. Тоа е јавен документ издаден на рецептен важечки образец од стручно лице што е оспособено и овластено да препишува лекови.

Видови лекарски рецепти[уреди | уреди извор]

Редовниот рецепт официјално се нарекува лекарски рецепт што не може да се обновува и лекот што е препишан за него може да се издава само еднаш. Обновлив лекарски рецепт е рецепт за кој лекот може да се издава неколку пати, додека посебен лекарски рецепт е лекарски рецепт напишан на официјално важечки образец за рецепт, кој се издава во два примерока, со наведениот сериски број од официјално запечатениот книга на евиденција на издадени рецепти, која ја водат препишувачите на рецепт и аптеките кои издаваат такви лекови. Лековите кои содржат одредени наркотични и психотропни супстанции се пропишуваат на посебен лекарски рецепт.[2]

Хартиени и електронски рецепти[уреди | уреди извор]

Електронските рецепти (или е-рецепти) се лекарски рецепти напишани во електронски облик и се користат во Македонија на основно ниво од 1 јули 2013 година.[3]

Состав на рецептот[уреди | уреди извор]

Рецептот се состои од три дела.[2]

1) Во првиот дел се внесуваат податоците за:

  • Име и презиме на корисникот на лекот;
  • Адреса (место, улица и број);
  • Година на раѓање (за деца до 15 години);
  • Единствен матичен број на граѓанинот.

2) Во вториот дел се внесуваат податоците за:

  • Дијагноза – шифра на болеста;
  • име на лекот (INN – меѓународно незаштитено име);
  • фармацевтски облик на лекот;
  • јачината на лекот;
  • количина на лекот;
  • начинот на употреба на лекот;
  • потпис на лекарот;
  • датум на издавање на рецептот;
  • печат и назив на здравствената установа;
  • печат со името и презимето на лекарот.

3) Во третиот дел се внесуваат податоците за:

  • потпис на фармацевтот што го издал лекот;
  • датум на издавање на лекот;
  • печат на аптеката.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Recipe definition“. M-w.com. 25. 4. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-10-17. Посетено на 6. 4. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 „Аптекарсно работење“ (PDF). Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија. 2022. Посетено на 2 февруари 2024.
  3. „Стартува електронскиот наместо хартиениот рецепт“. Канал 5. 1.7.2013. Посетено на 2 февруари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)