Прејди на содржината

Легетово неравенство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Легетовите неравенства,[1] именувана по Ентони Џејмс Легет кој ги извел ― поврзани парови на математички изрази што се однесуваат на корелациите на својствата на заплетканите честички. (Како што било објавено од Легет, неравенствата биле илустрирани во однос на релативните агли на елипсовидна и линеарна поларизација) Тие се исполнети со голема класа на физички теории засновани врз посебни нелокални и реални претпоставки, кои може да се сметаат за веродостојни или интуитивни според вообичаеното физичко расудување.

Легетовите неравенства се нарушени со квантна механичка теорија. Резултатите од опитните тестови во 2007 и 2010 година покажале согласност со квантната механика отколку со легетовите неравенства.[2][3] Со оглед на тоа што опитните тестови на беловата теорема го исклучиле локалниот реализам во квантната механика, се смета дека кршењето на легетовите неравенства е фалсификуван реализам во квантната механика.[4] Во квантната механика „реализам“ значи „идеја дека физичките системи поседуваат комплетни множества на определени вредности за различни параметри пред, и независно од мерењето“.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Leggett, A. J. (2003). „Nonlocal Hidden-Variable Theories and Quantum Mechanics: An Incompatibility Theorem“. Foundations of Physics. 33 (10): 1469–1493. doi:10.1023/A:1026096313729. ISSN 0015-9018.
  2. Gröblacher, Simon; Paterek, Tomasz; Kaltenbaek, Rainer; Brukner, Časlav; Żukowski, Marek; Aspelmeyer, Markus; Zeilinger, Anton (2007). „An experimental test of non-local realism“. Nature. 446 (7138): 871–875. arXiv:0704.2529. doi:10.1038/nature05677. ISSN 0028-0836. PMID 17443179.
  3. Romero, J; Leach, J; Jack, B; Barnett, S M; Padgett, M J; Franke-Arnold, S (2010). „Violation of Leggett inequalities in orbital angular momentum subspaces“. New Journal of Physics. 12 (12): 123007. doi:10.1088/1367-2630/12/12/123007. ISSN 1367-2630.
  4. Jon Cartwright (20 април 2007). „Quantum physics says goodbye to reality“. Physics World. Посетено на 8 мај 2021.
  5. Formaggio, J. A.; Kaiser, D. I.; Murskyj, M. M.; Weiss, T. E. (2016). „Violation of the Leggett-Garg Inequality in Neutrino Oscillations“. Physical Review Letters. 117 (5): 050402. arXiv:1602.00041. doi:10.1103/PhysRevLett.117.050402. ISSN 0031-9007.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]