Лај-фај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Лај-фајот или светлосната веродостојност (англ. Light Fidelity) е безжична комуникациска технологија базирана на користење на видливата светлост која се наоѓа меѓу сината (670 THz) е црвената (480 THz) боја. Додека вај-фајот (Wi-Fi) го користи радио делот од електромагнетниот спектар, лај-фајот го користи оптичкиот спектар. Принципот на лај-фајот лежи на предавање (испраќање) податоци со амплитудна модулација на светлосни извори според добро дефиниран и стандардизиран протокол.

Лај-фајот се разликува од ласерската комуникација преку оптички влакна и од инфрацрвената безжична по своите протоколарни слоеви. Протоколарните слоеви на лај-фајот се адаптирани за безжична комуникација до десетина метри, нешто повеќе од оние на блутутот.


Потекло на името[уреди | уреди извор]

Акронимите лај-фај и вај-фај своето потекло го имаат во зборот хај-фај кој е кратенка од англискиот термин High Fidelity кој значи „висока верност“. Терминот вај-фај се користи за Wireless Fidelity (безжична веродостојност) каде зборот wireless се однесува на користењето радио-бранови. Акронимот лај-фај значи „светлосна веродостојност“ од англискиот термин Light Fidelity. Овој израз бил воведен од Харалд Хас (Harald Haas), професор по мобилни комуникации на универзитетот Единбург, на конференцијата ТЕД во 2011.[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Првата демонстрација на лај-фај комуникација датира од 1880 година кога Александар Грахам Бел, пронаоѓачот на телефонот, го прикажал својот фотофон кој го пренесол звукот на својот глас на неколку стотини метри користејќи ја сончевата светлост. Тоа било првата техника на безжична комуникација реализирана доста пред појавата на радио-комуникациите кои ќе го фрлат во заборав фотофонот. За овој пронајдок Александар Грахам Бел ќе рече: “Can imagination picture what the future of this invention is to be?” (може ли нашата имагинација да ни ја каже иднината на овој пронајдок?)

Развојот на лај-фајот е силно поврзан со развојот на електролуминисцентните (светлечки) диоди (LED, Light Emitting Diode) бидејќи тие се единствените извори на светлост (со ласерите) што имаат капацитет за многу брзи префрлања (до милијарда пати во секунда). Природно, во Јапонија, земјата на ЛЕД диодите, се извршени првите експерименти за лај-фај комуникација во 2005 година. Претходници во ова поле биле истражувачите од универзитетот Киео во Токио.

Од 2010, во големиот раст на продажбата на ЛЕД диоди и нивното појавување во градбите, бројни академски и индустриски играчи се вклучија во проучувањето и развојот на лај-фај решенијата.

Бројни големи групации (Сименс[2], Самсунг, Тошиба, Касио) и новоформирани претпријатија (ЛВК Системи, ПјурВЛЦ[3], Нагакава[4]) работат на комерцијализација на првите компатибилни лај-фај производи.


Стандардизација[уреди | уреди извор]

Лај-фај комуникација се реализира според комуникацискиот протокол воспоставен од меѓународниот комитет IEEE 802 (локални и метрополски мрежи). Овој стандард ги дефинира слоевите PHY и MAC со цел да се развијат компатибилни решенија на светско ниво. Стандардот овозможува доволно големи протоци за да се пренесат аудио, видео и мултимедијални услуги. Стандардот ги има предвид мобилноста на оптичкиот пренос, неговата компатибилност со постојните вештачки осветлувања во инфраструктурата, недостатоците предизвикани од интерференциите генерирани од амбиенталното осветлување. Слојот MAC овозможува поврзување со повисоките слоеви како оние кои се користат во протоколите TCP/IP. На крајот, стандардот е во согласност со важечката регулатива за безбедност на видот кај корисниците. Според предвидените протоци, стандардот дефинира три слоја PHY. Слојот PHY I е воспоставен за надворешни апликации. Тој функционира од 11,67 kbit/s до 266 kbit/s. Слојот PHY II овозможува протоци од 1,25 Mbit/s до 96 Mbit/s. Слојот PHY III е соодветен кога се користат повеќе предавателни извори според посебен метод за модулација наречен колор-фазна модулација (CSK, Colour Shift Modulation). PHY III функционира од 12 Mbit/s до 96 Mbit/s.

Наводи[уреди | уреди извор]