Куна белка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Куната белка - Martes foina L. спаѓа во класа цицачи, ред месојади-ѕверови.

Изглед[уреди | уреди извор]

По надворешен изглед куната белка личи на Куна златка. Бојата на крзното ѝ е темно-кафен. На гушата има бело петно по што ја раликуваме од другиот вид на куни[1]. По големина е нешто помала од златката.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Живее во шумските подрачја, но многу е честа на карпестите терени, а живее и во близина на човечки населби, та дури се вовлекува по тавани и подруми на напуштените куќи.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Се храни како и Куна златка, а најмногу уништува глувци. За дивечот е многу штетна, а особено за зајците и еребиците камењарки.

Размножување[уреди | уреди извор]

Се пари и се размножува исто како Куна златка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1978