Куна златка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Куната златка спаѓа во:

  • коло, `рбетнициChordata
  • класа, цицачиMammalia
  • ред, месојади-ѕверовиCarnivora.

Нејзино латинско име е Martes martes L.

Изглед[уреди | уреди извор]

Куната златка има стројно и добро развиено тело со рунтава опашка. Во должина може да израсне до 70 см, а во височина до 30 см[1]. Бојата на влакната е костенливо-кафена, но кај некои примероци може да биде и посветла. На градите и на гушата има жолтеникаво петно по кое го добила и името.

Разлика[уреди | уреди извор]

Оваа златно-жолта боја на подбрадокот може да биде и бел тен, при што не може лесно на прв поглед да се установи дали е во прашање куна златка или куна белка, а ако белата боја има повеќе валчеста форма, најверојатно тоа е куна златка.

Градба[уреди | уреди извор]

Крзното на куната златка се состои од два слојана влакна. Првиот слој на влакна ја образуваат основата на крзното и тие се многу меки, вториот слој, кои на основата на крзното му ја даваат бојата, со прилично подолги и се со сјај што се пралива.

Живеалиште и исхрана[уреди | уреди извор]

Куната златка, слично на мечката, ѝ останала верна на шумата, поради што и ја наоѓаме само во високопланински листопадни и иглолиси шуми. Живее осамена, а само за време на парењето можат да се сретнат по неколку примероци. Таа е ноќно животно. Ги прогонува и се исхранува со сите видови животни што може да ги совлада.

Размножување[уреди | уреди извор]

Правото парење се случува во јули - август, а бременоста трае 236 - 274 дена. Женката во април раѓа 3-5 млади.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1978