Културна глобализација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Културната глобализација се однесува на безграничната размена на идеи, значења и вредности. Овој процес се одликува со размена на стоки и идеологии кои стануваат стандардизирани низ целиот свет. Потрошувачката е посредник меѓу различни луѓе и култури како резултат на порастот на населението. На крајот на краиштата, процесот на споделување на идеи и вредности од една култура во друга води кон ме”усебна поврзаност на луѓе од различни култури.

Општо земено, на влијанието на глобализацијата во сферата на културата се гледа песимистички. Обично луѓето го поврзувале со уништувањето на културните идентитети, жртвите односно потрошувачите на една забрзана западна култура. Ова гледиште, кое вбрујува (некои)академици па сè до антиглобалистички активисти (Shepard and Hayduk 2002) се стреми да ја протолкува глобализацијата како стабилен продолжеток-всушност како еуфемизам за западниот културен империјализам. Во расправата која следи сакам да се надоврзам на ова тврдење со добра доза на скептицизам. Нема да настојувам да ја негирам очигледната моќ на глобалистичкиот капитализам за да ги спроведам и поддржам неговите културни придобивки на секој агол. Ниту ќе образложувам- сега многу често критичарите на тврдењето за културниот империјализам велат дека подлабоко културно влијание не може да се забележи токму поради таквите добра. Она за кое што ќе се обидам да тврдам е нешто поконкретно: дека ако културниот идентитет е соодветно сфатен, тогаш тој е повеќе производ на глобализацијата отколку неговата жртва (Lull 2000, Thompson 1995, Tomlinson 1991)

Изгледи на глобализацијата[уреди | уреди извор]

Убедувањата на Јан Недервин Пјетерс (2004) се дека на глобализацијата треба да се гледа како на долгорочен историски процес. Тој ја сфаќа глобализацијата како човечка интеграција и хибридизација и тврди дека возможно е да се одреди културното мешање меѓу континентите и регионите кое се случувало векови наназад. Овие идеи се однесувале на религиозните практики, јазик и култура за време на Шпанската колонизација на Америка. Ова сепак е во спротивност со идеите на многу економисти и социолози кои трагааат по почетоците на глобализацијата па сè до капитализмот како и современоста, коишто со технолошкиот развој се упростиле.

Еден од преовладувачките изгледи на глобализацијата тврди дека ова е процесс на преобразба на разновидноста на светот во една хаотична западна култура. Многу критичари расправаат дека светското влијание на Американската култура ќе доведе до крај на културната различност. Ова го поврзуваат со уништувањето на културниот идентитет кој е под влијание на хомогенизирана,иста западна култура. Глобалното влијание на Американските производи, бизниси и култура врз другите земји во светот е познато и како Американизација. Ова влијание се пренесува преку Американските телевизиски програми низ целиот свет. Водачите како Мекдоналдс и Кока Кола одиграа голема улога во ширењето на американската култура.Поими како КокаКоланизација се измислија со цел да се посочи на преовладувањето на Американските производи во странските земји што некои критичари го сметаат за закана на културниот идентитет на тие странски земји. Друг изглед ја смета глобализацијата како изедначување на културната мешавина и нејзиното прилагодување кое постојано се преобразува и зазема нови облици. Според залагањата на антропологот Рој Вагнер, културите постојано се менуваат и возобновуваат како дел од тековниот процес. Поточно културите се менуваат преку разни внатрешни притисоци и влијанија во една земја. Но сепак, културата ја обликуваат и надворешни сили, што укажува на тоа дека дека таа не претставува единствена ограничена стварност, туку култури кои се преклопуваат и она што се црпи од други традиции. Примерот со Индија особено го покажува големото влијание на културната глобализација.