Кулинан (дијамант)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дијамантот кулинан, необработен

Дијамантот Кулинан е најголемиот дијамант што досега бил пронајден,[1] со тежина од 3106,75 карати или 621,35 грама, откриен во рудникот на дијаманти Премиер во Кулинан, Јужна Африка, на 26 јануари 1905 година. Дијамантот бил именуван според Томас Кулинан, претседателот на рудникот.

Во април 1905 година, дијамантот бил ставен на продажба во Лондон, но и покрај интересот, по две години уште не бил продаден. Во 1907 година владата на Колонија Трансвал го купила дијамантот како подарок за кралот Едвард VII по повод неговиот 66 роденден.

Историја[уреди | уреди извор]

Велс и дијамантот

Дијамантот Кулинан бил пронајден 5,5 метри под површината во рудникот во Кулинан, Колонија Трансвал, од страна на Фредерик Велс, управител на рудникот, на 26 јануари 1905 година. Бил долг околу 10,1 сантиметри, широк 6,35 сантиметри, длабок 5,9 сантиметри, со тежина 3106,75 карати или 621,35 грама.[2] Весниците го нарекле „дијамант Кулинан“, според Томас Кулинан, кој го отворил рудникот во 1902 година.[3] Бил трипати поголем од дијамантот Екселсиор, кој бил најден во 1893 година во рудникот Јагерсфонтајн, и кој тежел 972 carats (194.4 g). Четири од осумте површини биле мазни, што укажувало дека некогаш бил дел од многу поголем камен, скршен по природен пат. Дијамантот има сино-бела боја и содржел мал џеб од воздух, и во одредени агли произведувал виножито, или Њутнови прстени.[4]

Деветте поголеми парчиња кои се исечени од дијамантот Кулинан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Scarratt and Shor, p. 120.
  2. „Jewellery made from the world's largest diamond is to go on display“ (PDF). Royal Collection Trust. 15 May 2012. конс. 21 December 2017. 
  3. Scarratt and Shor, p. 122.
  4. Hatch, pp. 170–172.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]