Кристијан Ристески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кристијан Ристески (1969) е македонски театарски и филмски режисер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Кристијан Ристески е роден во Скопје во 1969 година. Во 1991 дипломира Филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1992 работи како во МРТВ. Во 1998 е еден од основачите на продуцентска компанија „ДигитПроп“. Во 2003 формира сопствена продуцентска компанија „Кинематика филм“. Од 2005 работи како креативен директор и менаџер на продукција во маркетинг агенцијата Индиго Огилви во Скопје.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во неговата филмографија ги бележи среднометражниот филм „Amaro, ma non troppo“ (Горко, ама не многу, 1997, ТВ), кратките филмови „Остани исправен“ (2005), „Cut Here“ (2016), две документарни серии и преку 200 рекламни ТВ спотови како режисер, продуцент, и сценарист.[1]

Снежана на крајот умира (Snow White Dies at the End) е негов дебитантски долгометражен игран филм во македонско-кипарска копродукција, кој во 2022 година имал светска премиера на фестивалот „Слемденс“ во Парк Сити (САД),[2] селектиран меѓу 8.100 пријавени филмови – фестивал на филмови со буџет до милион долари кои можат да се квалификуваат за „Оскар“, и чие мото е „Од филмаџии за филмаџии“. Македонската премиера била во август на затворањето на 43-от Интернационален фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот имал европска премиера на Московскиот филмски фестивал од А категорија во август.

Филмот добил финансиски сретства во 2017 година од Агенцијата за филм. Во текот на развојот бил селектиран во два програми за развој на сценарио, истовремено бил селектиран на два маркети и откако завршиле груба монтажа биле селектирани на три ворк-ин-прогрес програми на филмските фестивали во Карлови Вари, Софија и Рим. Светска премиера имаше во јануари 2022, на фестивалот Слемденс во САД. Продукцијата е на „Вертиго визуал“, а продуцент е Дарко Попов. Играат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • 2005:    Остани исправен (Продуцент, Режија, Сценарио)

Други проекти:

  • Amaro, ma non troppo (Горко, но не многу) – краток филм
  • 2004 Сакам да бидам кошаркар – продуцент и режисер
  • 2002 Y3K , документарни серии, сценарист, продуцент и режисер

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]