Кратки поеми за најмладите боеми (македонска современа детска поезија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кратки поеми за најмладите боеми е книга поезија за дечиња на македонскиот поет и лекар Александар Саша Трајковски. Збирката поезија е во издание на првата независна издавачка куќа во Македонија „ЃУРЃА“, пуштена во печат месец декември 2021 година. Детската поезија „Кратки поеми за најмладите“ на поетот Александар С. Трајковски го носи CIP-записот ISBN: 9786082014708[1]

Опис на книгата[уреди | уреди извор]

Збирката поезија „Кратки поеми за најмладите боеми“ е богата поетска ризница, мозаик од емотивни пораки, идна училишна лектира, изобилство на едноставни детски песнички, но со моќни пораки низ стиховите, преку кои авторот ни ги соопштува сопствените длабоки согледувања и сознанија за детските стравови и дава свои совети за најважните и најнужните нивни потреби. Мотивот кој најмногу го третира е вечната мистичност на детската искреност, нивната кротка невиност и, во исто време, љубопитноста на детското срце.

Генерално опфатени се најважните животни вредности за кои секое дете треба да има почит и да ги негува.

Библиографија за авторот:[уреди | уреди извор]

Дипломиран м-р. доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, од 29 јуни 2021 година, официјално е член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА (МНД-Битола), од 07 октомври 2022 година член во Клубот на писателите “КОСТА СОЛЕВ РАЦИН” - Велес и во Здружението на преведувачи и толкувачи на Р Македонија (ЗПРМ).

Книги на Александар С. Трајковски (авторски книги):[уреди | уреди извор]

- 2021. ,,Кратки поеми за најмладите боеми”. Скопје: (Ѓурѓа).

- 2022. “Лирски елегии”. Битола: (Дата Песнопој).

- 2022. “Поеми од Балканот”. Битола: (Дата Песнопој).

- 2023. “Балканско Хаику - Харакири”. Битола: (Здружение за книжевен развој “Нов Вавилон”).

- 2023. “Анатомија на поезијата”. Битола: (Дата Песнопој).

Александар С. Трајковски е добитник е на наградите:[уреди | уреди извор]

- ПРВА НАГРАДА за стихозбирката “Лирски Елегии” за најдобра поетска книга со наградата "ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА".

- ПРВА НАГРАДА за НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА на Меѓународниот литературен фестивал “Божиќна литература 2022” во организација на писателката Милица Паулус.

- Награда за несплатно печатење и за НАЈДОБРА ПОЕТСКА КНИГА за возрасни „Поеми од Балканот“ на Дата Песнопој 2021'

- Награда за НАЈДОБРА ПОЕТСКА КНИГА “Лирски елегии” за 2023 год. на поетско - музичкиот настан “Уметност преточена во музика и поезија” - 2023 год.

- ЗЛАТНА ПЛАКЕТА за НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА “Навидум случајно” на поетско - музичкиот настан “Уметност преточена во музика и поезија”- 2023 год.

- ПРИЗНАНИЕ/MЕДАЛ за допринос во светската култура на меѓународниот фестивал - Европски книжевни “РАСКУСИ 2023” од светската асоцијација на поети и светската академија за литература.

Учествувал на бројни поетски читања низ Македонија и Европа.[уреди | уреди извор]

* Струшки вечери на поезијата

* „Песнило“ – Младински културен центар

* Бела ноќ – Скопје

* Денови на младата македонска проза - Софија

* Софија: Поетики - Софија, Бугарија,

* Меѓународен македонски фестивал за поезија и литература “Струшките Книжевни Средби” 2022

* Меѓународен романски фестивал за поезија и литература 2021 г.

* Самостојна книжевна вечер во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, 2016 г.

* Астални проекции – Менада, 2014 г. и 2016 г.

* Денови на младата македонска проза - Софија, 2015 г.

* Барски летопис, самостојна книжевна вечер, Бар, 2015 г.

* СУР - Стих у регији, Загреб, 2015 г.

* Меѓународен поетски фестивал - Европски Книжевни ''Раскуси'', (Пресеци) 2023 г.

Содржина на книгата:[уреди | уреди извор]

Двата петли гладни ........................................ 9

Зима ................................................................ 10

Тажното носе ................................................ .11

Болното запче ............................................... .13

Градинката најубава ..................................... .14

Деловите на човечкото тело ........................ .15

Млада дама .................................................... .16

Која сум јас? .................................................. .17

Мирисот на баба ............................................. 18

Игра на зборови со буквата Ѕ

Прваче на првиот школски час .................. 19

Смог свири на греда ................................... 20

Време е за сон .................................................. 21

Кученцето вели АВ АВ .................................. 22

На пат кон градинката .................................... 23

Добри дечиња .................................................. 24

Добро утро ....................................................... 25

Поуки од дедо .................................................. 26

Мудростите на книгата ................................... 28

Пет прста .......................................................... 29

Драго мое внучe ............................................... 31

Временска прогноза ........................................ 32

Тато ................................................................... 33

Глувчето со мустаќи ....................................... 34

Бабичката моја ................................................. 35

Мравката ........................................................... 36

Поезија за македонска азбука ......................... 37

Игра на зборови со буквата А Автомеханичар со астма .............................. 40

Игра на зборови со буквата Ш

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://bitolanews.mk/2021/11/10/%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B5%D1%87%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D0%BC%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%BC/