Крали Марко (повест)
Автор | Видое Подгорец |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | повест |
Издавач | Детска радост |
Издадена | 1991 |
Медиум | печатено издание |
„Крали Марко“повест за животот на Крали Марко — роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1991 година. Пишувана била од 1989 до 1990 година.
Содржинa
[уреди | уреди извор]Повеста се состои од 21 глава, а дејствието го раскажува омнисцентен раскажувач. Воведот го дава на почетокот авторот, пишувајќи за историската личност на кралот Марко, но и за Марко од народното творештво. Тој кажува дека народните приказни се тие кои го инспирирале да ја напише повеста за славниот крал од преданијата.[1] „Крали Марко е романизирана биографија на кралот Марко, каде Видое Подгорец повторно се јавува како ненадминат раскажувач на животот на историски и ликови од епските песни и од народните приказни. Тој вешто ги спојува историските факти со надреалното од приказните, вметнувајќи и стихови од народните епски песни во раскажувањето, како збогатување на изразот, но и поткрепа на приказната која со неговиот ненадминат стил звучи современо и примамливо за младиот читател.
Изданија на книгата
[уреди | уреди извор]Повеста „Крали Марко“ го има своето прво издание во 1991 година. Во изданието има и речник на помалку познати зборови. Книгата била објавена како издание на издавачката куќа: „Детска радост“. [2]