Коњ со рачки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гимнастичар на коњ со рачки

Коњ со рачкигимнастичка справа.

Висината на справата е 1 м и 5 см од подлогата. Должината на телото е 1 метар и 60 сантиметри, додека растојанието помеѓу рачките се движи од 40 до 45 сантиметри, во зависност од вежбачот. Вежбите на коњот со рачки мора да се изведуваат бавно, во непрекината низа на кружни и клатилни движења, кружни движења на нозете, ножичести движења и со употреба на сите други делови од справата. Опфатот на движења што телото може да го изведе со крајна точност е составен од кружни елементи вклопени во една целина со сите други елементи и твори елегантен состав. Елементи на сила и издржливост на овој уред се забранети.

Историја[уреди | уреди извор]

Коњот со рачки се развил од вежбите и обуката што ги имале војниците, коњаниците, кога вежбале качување и слегување од коњ. За да не мораат да го прават тоа со живи коњи и да ги изморуваат, направиле дрвени коњи на кои им додавале седла и така вежбале.[1]

Димензии[уреди | уреди извор]

Димензиите на самата справа се одредени од Меѓународната гимнастичка федерација.

  • Висина 115 см, вклучувајќи околу 20 см висина подлогата
  • Должина - 160 см
  • Ширина - 35 см
  • Висината на рачките - 12 см
  • Растојание помеѓу рачките од 40 см до 45 см (може да се дотерува).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Историја коња са хватаљкама, Приступљено 9. 4. 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]