Прејди на содржината

Коста Аџиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коста Аџиевски
Роден(а)1943
Елевци, Дебарско
ЖивеалиштеСкопје
НационалностМакедонец
Полињадоцна античка и средновековна историја
УстановиФилозофски факултет - Скопје
ОбразованиеФилозофски факултет - Скопје

Коста Аџиевски (Елевци, Дебарско, 1943) — македонски доктор по историски науки и универзитетски професор на Институтот за историја во пензија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Аџиевски основното и средното образование ги завршил во Скопје.

Дипломирал на Групата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1968 година), а магистерски студии по византологија завршил на Филозофскиот факултет во Белград (1976 година), каде што и докторирал (1990 година). Важи за експерт од областа на доцната античка и рано/развиено средновековната историја.

На Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје бил стажант (1970-1972 година), асистент по Историја на Византија (1972-1978 година), предавач (1978-1990 година), доцент (1990-1995 година), вонреден професор (1995-2000) и редовен професор (од 2000 година). Предавал Општа историја на стариот век (1978-1984), Општа историја на средниот век (од 1984) и Историја на балканските народи - среден век (од 1996 година). Наставник е на последипломски студии при Институтот за историја, како и на последипломските студии по етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Бил раководител на Институтот за историја (2001-2005), раковотел на Советот на подипломски (1999-2001), раководител на Одделението за античка и средновековна историја при ИНИ „Гласник“ (1999-2004), член на редакцијата на Македонскиот историски речник, член на Републичкиот педагошки совет, како и на повеќе комисии за изготвување на наставни програми по предметот Историја за основно и средното образование.[1]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Автор е на преку 50 научни и стручни трудови цитирани во нашата земја и во странство. Соавтор е на повеќе учебници по историја и историски читанки за основното и средното образование.

Дел од овие публикации се следниве:

  • Деспот Алексиј Слав – самостоен феудален владетел во Македонија, Зборник на ФЗФ 29, Скопје 1977
  • Македонија во првите години по формирањето на Латинското Царство (1204–1207), Зборник на ФЗФ 34, УКИМ, Скопје 1982
  • Потчинување на Македонија од страна на Теодор I Ангел и формирање на Солунското Царство, Списание Историја бр. 18.1-2, ЗИРМ, Скопје 1982
  • Првите никејски освојувања во Македонија и ликвидирањето на Солунското Царство, Списание Историја бр. 19.1, ЗИРМ, Скопје 1983
  • Пелагонија во времето на Самуил и Гаврил Радомир, Списание Историја бр. 22.1, Скопје 1986
  • Стипион (Ступион) не е Штип, Зборник на ФЗФ 40, УКИМ, Скопје 1987
  • Пелагонија во VI и VII век, Зборник на ФЗФ 43-44, УКИМ, Скопје 1991
  • Првиот крстоносен поход и Пелагонија, Зборник на ФЗФ 45, УКИМ, Скопје 1992
  • Имотите на манастирот Трескавец надвор од Пелагонија (идентификација и лоцирање), Списание Историја бр. 33.1-2, Скопје 1997
  • Велешката област во VI и првите децении на VII век, Зборник на ФЗФ 52, УКИМ, Скопје 1999
  • Востанието на Драгота (1255 г.), Списание Историја бр. 34/35.1-4, Скопје 1999
  • Сакрални споменици во Велешката област од средниот век (VI-XIV в.), Списание Историја бр. 37.1-2, Скопје 2001
  • Манастирски имоти во велешката област во XIII и XIV век, Списание Историја бр. 39.1-2, Скопје 2003
  • Илинденското востание и македонските револуционери од илинденскиот период во филателијата, Списание Историја бр. 39.1-2, Скопје 2003
  • Прилог кон христијанската топонимија на Македонија. Населби со имињата на Бог/Теос и Богородица, Зборник на ФЗФ 61, Скопје 2008
  • (2022). „Институтот за историја некогаш и сега“, Историјата и предизвиците на промените: материјали од тркалезната маса по повод 75 години Институт за историја, УКИМ, Скопје 2022
  1. „д-р Коста Аџиевски“. Филозофски факултет - Скопје. Посетено на 31 мај 2023.