Косача

Од Википедија — слободната енциклопедија
Косача

Косача е вид на средновековно ладно оружје кај Јужните Словени, закривена како коса, но остра од двете страни. Таа можела да го прободе противникот како копје, но и да го исече како сабја. На дното има инкаста шуплина за дрвена рачка. Оваа рачка била пократка за пешадија, а подолга за коњаници. Сочуван средновековен примерок на косача, има во Црна Гора, долг 75 см.

Наводи[уреди | уреди извор]