Корисник:Trajceva/ТестСтатија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Антициклична политика - дефинирање[уреди | уреди извор]

Антицикличната монетарна и фискална политика делува преку регулирање на нивото на агрегатната побарувачка. Притоа, во услови на експанзија треба да се води рестриктивна политика со цел да се намали агрегатната побарувачка и инфлацијата, а во услови на рецесија пак, треба да се води есканзивна политика со цел да се стимулираат овие големини. Поинаку кажано политиката треба да дејствува спротивно на економскиот циклус.

Монетаристички пристапи - Фридман[уреди | уреди извор]

Главно според мислењето на Фридман антицикличните политики на ортодоксниот монетаризам се базираат на три значајни постулати :

  • Владата не може со постојано зголемување на понудата на пари да го стимулира растот на економијата, а притоа да не предизвика експанзија со нагласени инфлаторни ефекти;
  • Владата со остри монетарни рестрикции може да предизвика тешки рецесии - депресии;
  • За да се избегнат овие две ситуации, неопходно е да се води монетарна политика базирана врз правилото: ниска и константна, фиксна, стапка на пораст на монетарната маса.

Првиот постулат произлегува од концептот на Филипсова крива и природната стапка на невработеност. Филипсовата крива им помага на владата и на носителите на економската политикада дојдат до пифатливи компромиси меѓу невработеноста и стапката на инфлација. Но, на краток рок таа вели дека со помош на монетарна експанзија т.е. зголемување на понудата на пари економијата завршува во зоната на повисока инфлација. Природната стапка на невработеност ги покажува односите меѓу природната и актуелната стапка на невработеност и доколку актуелната стапка на невработеност е над природната, стапката на инфлација расте.

Вториот постулат пак вели дека владата со остри монетарни рестрикции, односно со намалување на понудата на пари, може да влијае економијата да се најде во состојба на тешки рецесии - депресии и висока стапка на невработеност.

Третиот постулат поизлегува од тврдењата на Фридман и останатите монетаристи дека цикличните осцилации во стопанството се последица од мешањето на државата. Затоа Фридман е против водењето на дискрециона монетарна политика и притоа тој бара централната банка и владата да одредат ниска и констнантна стапка на раст на монетарната маса. тоа ќе осигура одржување на ниска стапка на инфлација на долг рок, односно ќе ги спречи цикличните нарушувања кои предизвикуваат силни скокови или падови на цените.

Како да се спречат бизнис циклуците[уреди | уреди извор]

Фридман смета дека најдобар начин за борење против бизнис циклусите е одржување на стабилно и долгорочно управување со понудата на парите, па затоа константната стапка на раст на монетарната маса ќе ги спречи монетарните фактори да бидат причина за цикличните нарушувања. Оттука се изведува и заклучокот за тврдењето дека дискреционата политика е штетна и треба да се води политика според правила. Според монетаристите, постои уште еден аргумент зошто треба да се одржува константен порастот на паричната маса.Имено, за да настанат циклични нарушувања во економската активност потребно е да се промени брзината на оптекот на парите. Притоа тие сметаат дека побарувачката за пари (склоноста на поединците да држат дел од својот имот во облик на пари) е стабилна функција, па поради тоа и брзината на оптек на парите е стабилна, што ќе придонесе за фиксна промена на монетарната маса.

Општ пристап за значењето на монетарните фактори - Хипотезата за рационалните очекувања[уреди | уреди извор]

Монетаристите во своето учење го внесуваат и концептот на предвидување (антиципирање) на идните настани во економијата, според кој се тврди дека човекот претставува рационално суштество. Хипотезата на рационални очекувања и т.н. критика на Лукас, како нејзин составен дел, вели дека економските субјекти, врз основа на значајни информации за збиднувањата во економијата се во можност точно да ја предвидат стапката на инфлација за наредната година. Затоа, зголемената понуда на пари во оваа ситуација, кога таа е антиципирана (предвидена), нема да предизвика промени во реалните фактори т.е. во производството и вработеноста на краток рок. Токму поради тоа, управувањето со агрегатната понуда, преку мерките на монетарната и фискалната политика, нема посебна смисла т.е. политиките се неефективни.

Реалните можности и очекувања на дискреционата монетарна политика[уреди | уреди извор]

Фридман елаборира што е тоа што може да направи монетарната политика во услови на промена на понудата на пари т.е. количеството на пари во оптек на краток рок. Во услови на рецесија зголемената понуда на пари ја намалува каматната стапка, при што ја стимулира агрегатната побарувачка и инвестициите, а тоа пак од своја страна предизвикува зголемување на бруто-домашниот производ и на вработеноста. Овие ефекти се валидни само на краток рок.На долг рок, зголемената понуда на пари педизвикува пораст на oштото ниво на цените, поради што бруто-домашниот производ и вработеноста се враќаат на првобитното рамниште и економијата завршува во зона на повисока инфлација.

За разлика од Кејнз, монетаристите тврдат дека монетарната политика е поефикасна од фискалната, за што Фридман наведува два аргумента:

  • За разлика од монетарната политика, фискалната претставува поитички избор;
  • При константна понуда на пари, мултипликаторот кај фискалната политика е значително помал.

Лимити на дискреционата политика[уреди | уреди извор]

Монетарната политика не може да ја стабилизира каматната стапка и стапката на невработеност освен во време на многу ограничени периоди.

Аргументите на Фридман во врска со каматната стапка се следниве : Прво, централната банка откупувајќи ги државните обврзници од комерцијалните банки го зголемува нивниот кредитен потенцијал. Со тоа тие ја зголемувааат понудата на кредити, а тоа пак од своја страна ќе придонесе да се намали каматната стапка.Но тоа е само почетен ефект. Следниот ефект ќе се манифестира во зголемување на потрошувачката и инвестициите. Но, она што е потрошувачка за едни претставува доход за други економски субјекти, па зголемената потрошувачка и зголемениот доход ќе ја зголемат побарувачката за пари. Третиот ефект кој произлегува од ова е зголемување на каматната стапка.Четвртиот ефект од овој процес, односно од зголементата понуда на пари е пораст на инфлацијата и каматната стапка на долг рок, наместо нивно намалување.

Аргументите пак за немоќта на монетарната политика да ја стабилизира стапката на невработеност се следниве : Центалната банка ја зголемува понудата на пари и првиот ефект од ова ќе биде опаѓање на каматната стапка, пораст на потрошувачката и доходите во економијата. Ова ќе придонесе за големување на производството и вработеноста. Меѓутоа со текот на времето зголемената понуда на пари ќе почне да врши притисок врз цените. Порастот на цените на средствата за живот ќе ги намали реалните плати на работниците поради што тие ќе бараат номинално зголемување на нивните плати. Тие пак претставуваат трошок за фирмите, поради што фирмите ќе престанат да вработуваат нови работници, а со текот на времето да ги отпуштаат и постојаните вработени. Намалената вработеност ќе предизвика да се намали и производството, со што тие се враќаат на првобитното ниво, а економијата завршува во зона на повисока инфлација на долг рок.

Монетарната политика е неефикасна во услови на депресија.

Станува збор за феноменот liquidity trap т.е. стапица на ликвидноста кога промената на количеството на пари нема влијание врз каматната стапка , при што монетарната политика станува неефикасна.

Извори[уреди | уреди извор]

Таки Фити, Основи на економијата, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Економски факултет, Скопје, 2008

Таки Фити, Феноменологија на економската криза, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Економски факултет, Скопје, 2009