Корисник:Svproduction

Од Википедија — слободната енциклопедија

--Стиховно Војување 12:27, 25 февруари 2012 (CET)

  1. REDIRECT СБ
Стиховно Војување[уреди | уреди извор]

Стиховно Војување е рап група од Битола (Република Македонија). Постои од 22.12.2006 година, составена од пет членови : Аџиоски Христијан (Кичо), Мирчевски Васко (Патуљче), Котевски Жанко, Лутовски Дејан (Декс) и Мартин Шишкин

Оваа петорка максимално се посветува на работата на музички план, здружено и заеднички започнуваат да ја врежат својатаисторија во рамките на македонскиот рап. Првата демо снимка е направена Август, 2006 година, од Кичо и Патуљче, а првата официјална демо снимка како Стиховно Војување ја направија Јануари, 2007 година во детската соба на Патуљче со ниско - буџетна опрема и аматерски удел. На 07. 04. 2007 година се случи нивниот прв настап, а подоцна бројот на нивните настапи почна значително да се зголемува како во Битола така и пошироко низ Македонија. Летото, 2008 го отвораат нивното прво студио и почнуваат да фукционираат и постојат под своја продукција “Feel Tha Mic Records”.

На 07.09.2009 година прв пат се појавуваат како организатори на еден голем музички спектакл во нивниот град. Организираат промоција на нивниот прв микстејп “Ништо нема да не промени” и прв видео запис “Понуда” во соработка со Дарио Јанкович. Истиот датум, една година подоцна излезен и нивниот втор видео запис “Дива лига” во соработка со Дрим Каст Продукција, со кои се снимија и уште два видео записи “Ми треба” и “Супер изроди”. Во почетокот на 2010 година, скромната продукција претрпи доста промени и прерасна во вистинско студио кое и денес е активно и подлога на здружението “Стиховно Војување - Продукција'

Во почетокот на 2011 година, Шишкин од сопствени причини ја напушта групата, но не претставуваше никаков крај за останатите четгворица. Продолжуваат да го градат она што долго време пред нив го започнаа, нивниот официјален прв студиски албум. Пред крајот на оваа реализација избувна и соло проект од Патуљче Шоуто мора да продолжи. Нивниот следен поход како една голема најава за албумот беше новиот видео запис “Нашите песни” во соработка со Гнасни Деца Продукција. На 10. 12. 2011 година во Центарот за култура – Битола, беше промовиран првиот албум на Стиховно Војување насловен како “Ме научи да научам”.

Членови Датум на раѓање
Аџиоски Христијан 14.03.1992
Мирчевски Васко 07.09.1991
Котевски Жанко 21.05.1991
Лутовски Дејан 06.07.1990