Корисник:MarijaVelkovska

Од Википедија — слободната енциклопедија

Теорија на монетарно изненадување[уреди | уреди извор]

Теоријата на монетарното изненадување е состојба кога централната банка ненајавено ја зголемува или намалува масата пари во оптек. Застапници на оваа теорија се претставници на така наречената нова класична макроекономија (уште се нарекуваат и теоретичари на рационалните очекувања) на чело со нобеловецот Роберт Лукас. Оваа теорија наоѓа примена во многу конкретни примери во економските случувања, на пример дали економијата ќе навлезе во фаза на рецесија или експанзија,колкава ке биде стапката на инфлација,како ке се движат каматните стапки и друго. Рационалните очекувања се еден вид предвидување на идните настани во економијата, едни од можните пристапи кои ги користат учесниците во економскиот живот за предвивдување (антиципирање). Хипотезата на рационални очекувања тврди дека економските субјекти со следење на збиднувањата и користење на значајни информации за промените во економските политики, можат конкретно и точно да ја предвидат економската состојба во која се наоѓаат и кои идни чекори треба да ги превземат за што побезболно да реагираат на новонастанатите ситуации во иднина. Користа и примената од оваа теорија е во тоа што со навремено следење на политиките и следење на информациите посебно со оние за основите на буџетската политика и за основите на монетарната политика, ниту владата ниту централната банка нема да може лесно да ги манипулира менаџерите да превземат несоодветни чекори во работата на нивните претпријатија. Менаџерите благодарение на рационалните очекувања треба да знаат кога доаѓа до вистинско, реално зголемување на побарувачката а кога е лажно и не реално и врз основа тоа правилно да реагираат на пазарот. Доколку постои ситуација во која владата и централната банка решат да ја зголемат масата пари во оптек, без притоа да ја информираат јавноста, зголемената понуда на пари ќе ја зголеми агрегатната побарувачка и учесниците во економскиот живот ќе бидат изненадени. Тие ќе помислат дека дошло до вистинско, реално зголемување на агрегатната побарувачка, па поради тоа ќе реагираат со зголемување на производството и на понудата. Во овој случај економијата ќе влезе во фазата на експанзија. Имплусите што доведуваат до бизнис циклуси се сведуваат на монетарно изненадување, на нетранспарентно зголемување на понудата на пари и непредвидени шокови на страната на агрегатната побарувачка. Доколку пак владата и централната банка се транспарентни,односно известат дека имаат намера да ја зголеми понудата на пари, претприемачите и менаџерите благодарение на рационалните очекувања, ќе ги предвидат ефектите од зголемената емисија на пари врз општото ниво на цени- врз стапката на инфлација. Тие ќе бидат свесни за номиналното зголемување на агрегатната побарувачка,па поради тоа нема да реагираат со зголемување на на производството и вработеноста. Антиципираната промена на понудата на пари не може да биде причина за појава на економски циклус – за експанзија и рецесија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Таки Фити : Основи на економија. Скопје 2006