Корисник:Brest/Пајонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонската историја пишувана низ парите[уреди | уреди извор]

Македонско сонце, Фељтон

Пајонците етничко потекло[уреди | уреди извор]

istoricar.blogspot.com

Ancient Macedonian Civilization[уреди | уреди извор]

ancientmacedonia/blog Пајонија

Официјален сајт на градот Виница, Историја на градот[уреди | уреди извор]

Првите траги од постоење на населени места и организирано живеење во Виница се пронајдени од железното врем (од XII до VI век пр.н.е.).

На просторот на Виница, односно во Источна Македонија, егзистирало моќното племе Пајонци. Тие биле припадници на илирскиот етникум. Воглавно се населувале, односно своите живеалишта ги подигале на повисоки, природно заштитени места. Најмногу се занимавале со одгледување на крупна стока. Тоа ги приморувало во потрага по нови пасишта за стоката, да ги менуваат своите места на живеење. Затоа нивните објекти за живеење не биле градени од цврст материјал, туку од материјал што лесно се расклопувал и склопувал. Живееле во мали, засебни живеалишта. Од занаетите најзастапени им биле грнчарскиот и обработката на металот. Претежно изработувале едноставни керамички садови за секојдневна употреба. На повисоко ниво им била изработката на металот, односно правеле разновидни предмети, оружје и накит, поради што и Херодот за нив говори како за добри мајстори на оружје и опрема. Тоа го потврдуваат и најдените предмети во повеќето нивни гробници, како што се: копјето, мечот, кривиот нож и стрелата.

Развојот на економијата и трговијта придонел кон крајот на VI и почетокот на V век пр.н.е. да дојде до економско издигнување на Пајонците. Тоа само по себе повлекло и зголемување на нивната воена моќ. Меѓутоа, за време на походот, којшто персискиот цар Дарие го презел против Ските, јужниот дел од Пајонија бил покорен, а дел од населението раселено во Мала Азија.

Во средината на V век пр.н.е. за време на походот на Македонија, Пајонија повторно била нападната од страна на Персија, на чие чело се наоѓал царот Ситалк. Тогаш таа доживеала тешки разурнувања. Но, по смртта на царот Ситалк, Пајонија успеала да се консолидира и повторно економски да зајакне. Тој процес траел се до 358 година пр.н.е. кога македонскиот цар Филип II војнички ја поразил и ја покорил. Пајонците биле покорени и од Александар Македонски, но не за долго, зашто по неговата смрт тие се ослободиле и под власта на Аудолеон, син на Патрај, доживеала процут. Но, не за долго, зашто по повеќето превривња на овој простор, повторо Пајонците влегле во составот на Македонската Држава и во неа биле се до 146 година пр.н.е. кога на овие простори завладеала Римската Империја. Оттогш па натаму на Пајонците им се губи трагата и тие се изгубуваат од политичката сцена. [1]