Корисник:Bjankuloski06/Македонски дијалектни текстови/Радовиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штипско-кочански дијалект: Радовиш
Маската, вăко и лисицата

Е́ден де́н лиси́цата оди́ла низ-го́рата и сретна́ла е́дна ма́ска. Но́го се-исплаши́ла и избега́ла. Доде́ка така́ бега́ла, сретна́ла-го вắко и раска́жала-му дека-виде́ла е́дно но́во живо́тно, ама не-зна́ ка́ко се-ви́ка. Туга́ј вắко рече́л: „Да-и́деме зā́дно да-ви́деме“. Дву́jцата уjде́ле кај-ма́ската. Она и на-вắко му-изгледа́ла чу́дна. Ту́га́ј лиси́цата jа-пита́ла ма́ската ка́ко се-ви́ка. А ма́ската гледа́jки да-не-настра́да, така́ одговори́ла: „Не́-го зна́м сво́jто и́ме на-па́мет. А́ма ако-зна́ш да-чита́ш, погле́дни-jа мо́јта де́сна ѕа́дна но́га, на-неа пи́ше мо́јто и́ме“. — „О го́споди — издиjна́ла лиси́цата — jа́c-сум непи́смена, а ба́ш са́кам да-зна́м ка́ко се-ви́каш“. — „Пу́шчи-ме туга́ј ме́не рече́л вắко — jа́c зна́м да-чи́там.“ Ма́ската му-ja подаде́ла ѕа́дната де́сна но́га, а кли́нците на-по́тковицата по-ма́лко личе́ле на-бу́кви. „Не́-ги гле́дам у́баво бу́квите“ — речел вắко. „Ту́гај до́jди по́бли́ско — одговори́ла ма́ската — оти бу́квите са-но́го ма́ли“. Вắко дуjде́л, приближи́л-jа́ гла́вата да-ги-ви́де по́у́баво бу́квите на-ногата. Сега́ ма́ската клоцна́ла-го и удри́ла, шо-о́н падна́л умре́н. Лиси́цата наеднắч си-уjде́ла, а по-па́то си-рече́ла: „Ду́ри и писменi̭о поне́когаш не́-е дово́лно акăнли́jа!“.

Извор: ТДМЈ, стр. 196