Корисник:Aneta992/песок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бизнис план[уреди | уреди извор]

Бизнис план или процес на бизнис планирање е тема која е позастапена на претприемач. Ова е поради фактот што бизнис планот е еден од елементите кои содржат бизнис потенцијална енергија, но и еден од елементите кои таа бизнис потенцијална енергија ја трансформираат во кинетичка енергија, односно во профитабилен и успешен бизнис. Колку бизнис планот е подобар толку и ќе има поголема потенцијална енергија во него. Но, едно од почестите прашања кои се поставуваат е што значи добар бизнис план? Нај едноставен би бил оној бизнис план кој ќе се оствари и кој по остварувањето ќе доведе до зголемување на профитабилноста и успешноста на бизнисот. Но, и поширок одговор би бил: Оној бизнис план кој е реализиран во целост. Добар е оној бизнис план од кој се што е планирано е реализирано. Доколку нешто не е реализирано значи сме планирале нешто што не е реално. Оној бизнис план кој ке овозможи реализацијана финансиските предвидувања. Добар е оној бизнис план кој доведува до успешна реализација на нашите финансиски предвидувања како што се приходи од продажба, маржа, профит, трошоци, готовински тек ... Значи успешната реализација на бизнис планот е мерка за тоа дали тој бизнис план е добар или не.

Креирање на бизнис план[уреди | уреди извор]

Креирање на бизнис план е една од најважните задачи при отпочнување на сопствен бизнис. Како што се одвива процесот на креирање бизнис план, ќе произлегуваат прашања или проблеми на кои никогаш не сте помислувале, а кои доколку не се разгледаат на време можат во иднина да предизвикаат сериозни проблеми. Кога планот е направен, вие подобро можете да ги сфатите можностите и потенцијални дупки во бизнисот. Добар бизнис план не е совршен метод за успех, но, се очекува дека следејќи ги насоките при креирање на бизнис план, вашиот бизнис ќе има подобра шанса за успех. Како еден претприемач вие градите нешто. Градите бизнис. Градите процеси, нови производи, услуги ... И тоа е во ред, тоа е вашата задача. Но, дали начинот на кој започнувате со градење е оној вистинскиот? Често пати кога градиме нешто ( бизнис, процеси, нов производ или услуга ) започнуваме со барање на одговор на прашањето како да го направиме тоа и тоа. Во ваква ситуација многу ни е поважно што треба да направиме и кои се чекорите кои треба да ги спроведеме, заборавајќи на суштината - зошто треба да направиме нешто и која е целта или што треба да се постигне со тие наши активности. Затоа наместо како да направиме нешто треба да започнеме со зошто треба да направиме нешто. Зошто нов производ? Зошто ни е потребен нов процес? Зошто започнуваме бизнис? Тоа се клучните прашања од кои треба дазпочнете да ги барате одговорите пред и да помислите да го направите првиот чекор или да се концентрирате на како.