Прејди на содржината

Копеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Копеш
Копеш од 18 век пр. н. е. пронајден во Наблус
Типмеч
ПотеклоСтар Египет
Употребна историја
Во службаок. 3000–1300 пр. н. е.
Корисници
Војни
Тех. особености
Должинаод 50 до 60 см

Тип на острицаЗакривен
ḫpš ('leg')
 
во хиероглифи
Aa1
Q3
N37
F23
F51
(Саркофашки текстови)

Копешегипетски српест меч кој настанал од борбена секира во текот на бронзеното време.[1][2]

Типичен копеш е долг помеѓу 50 и 60 см, но има и помали примероци. Тапиот раб на врвот на мечот се користел и за удар и како кука за разоружување на противникот. Во почетокот копешот бил изработен од бронза, но подоцна за време на Новото Кралство, кога станал вообичаено и високо ценето оружје, бил изработуван од железо.[3] Најраниот приказ на копеш се наоѓа на Стелата на мршојадецот од средината на III милениум пр. н. е. кој го прикажува кралот Лагашки со ова оружје.[4]

Копешот е наострен само на надворешниот раб на закривениот крај. Бил создаден од епсилонската секира.[1] Копешот бил популарен како оружје и со него се прикажани бројни фараони. Примероци се пронајдени и во кралските гробници, вклучувајќи ја и гробницата на Тутанкамон, во која се пронајдени два копеша со различни големини.[4] Сепак, иако некои примероци пронајдени во гробниците биле наострени, има многу примери каде што биле пронајдени со тапи рабови кои никогаш не биле наострени. Ова навело многу истражувачи да заклучат дека копешите во гробниците на луѓето со повисок статус биле церемонијални.[4]

Копешот престанал да се користи околу 1300 година пр. н. е. кога започнала изработката на традиционалните мечеви.[5]

  1. 1,0 1,1 Hamblin, 2006. Warfare in the Ancient Near East, pp. 66–71.
  2. Wise, Terence (1981). Ancient Armies of the Middle East. Osprey Publishing. стр. 23–25. ISBN 978-0-85045-384-3.
  3. Howard, Dan (2011). Bronze Age Military Equipment. Casemate Publishers. стр. 31–34. ISBN 978-1-84884-293-9.
  4. 4,0 4,1 4,2 Loades, Mike (2010). Swords and Swordsmen. Pen & Sword Military. стр. 1–21. ISBN 978-1-84884-133-8.
  5. „Национална Географија“.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Budge, 1989,. The Rosetta Stone, E.A.Wallace Budge, (Dover Publications), c 1929, Dover edition (unabridged), 1989. (softcover. 1929.  978-0-486-26163-8.)
  • Hamblin, 2006. Warfare in the Ancient Near East, William J. Hamblin, Routledge (softcover.   978-0-415-25589-9.)
  • Wernick, 2004, A Khepesh Sword in the University of Liverpool Museum in JSSEA 31, 151–155
  • Massafra, 2009, Le harpai nel Vicino Oriente antico. Cronologia e distribuzione, Roma 2012, (Rome La Sapienza Studies on the Archaeology of Palestine & Transjordan, 09).