Константин Ангел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Константин Ангел (1122–1166) — византиски адмирал и паниперсебаст, на Филаделфија,[1] водач на царската флота во Сицилија, кој се оженил со Теодора Комнина во 1122 година,[2] најмладата ќерка на Алексиј I Комнин и Ирина Дукина. Според современикот Никит Хонијат, Константин бил храбар, вешт и згоден, но со нижо потекло. Тој бил син на Маноли Ангел Филаделфија и имал уште три браќа: Никола Ангел, Михаил Ангел и Јован Ангел, војсководец во Италија.

Преку својот син Андроник Дука Ангел, тој бил зачетникот на Ангелската династија. иако биле потомци од семејството Ангели, тие честопати имале други имиња.

Деца[уреди | уреди извор]

  • Јован Дука (1125/27 – 1200), имал неколку деца од еден или два брака, и незаконски син. Незаконскиот син, Михаил I Комнин Дука, ќе го основа Епирското деспотство, и бил наследен од неговите полубраќа.
  • Алексиј комнин Ангел, оженет и имал еден син.
  • Андроник Дука Ангел (починал по 1185), византиски војсководец во Мала Азија, се оженил со Евросина Кастамонтиса, со која имал девет деца меѓу кои биле и царевите Алексиј III и Исак III.
  • Исак Ангел, воен управник на Киликија
  • Марија Ангелина, се омажила со Константин Камиц, со кого имала една ќерка.
  • Евдокија Ангелина, се омажила со Василиј Цикадел
  • Зоја Ангелина, се омажила со Андроник Синаден

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. George Finlay (1854). History of the Byzantine Empire. Blackwood. стр. 272–. http://books.google.com/books?id=WUAOAAAAYAAJ&pg=PA272. 
  2. Nat︠s︡ionalen arkheologicheski institut i muzeĭ (Bŭlgarska akademii︠a︡ na naukite) (2003). Corpus of Byzantine seals from Bulgaria. Agato Publishers. стр. 32. ISBN 978-954-91587-3-1. http://books.google.com/books?id=5kxmAAAAMAAJ.