Прејди на содржината

Конвексност (финансии)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во финансиите, конвексност (англиски: Convexity) е поим што се употребува при мерењето на ефектите на промената каматните стапки врз вредноста на финансиските инструменти со фиксни приноси, т.е. како мерка на каматниот ризик. Притоа, за разликa од времетраењето кое ги прикажува непосредните, првостепени ефекти, конвексноста ги прикажува второстепените ефекти од промената на каматните стапки. Конвексноста се пресметува на следниов начин:[1]

CV = 1P 1(1+y)2 Σt(t+1)Ct(1+y)2

каде: CV - ковексност, t - време, C - паричен прилив, y - принос до достасување.

Одлики на конвексноста

[уреди | уреди извор]

Конвексноста предизвикува времетраењето да се зголеми при намалување на каматните стапки и да се намали при пораст на каматниет стапки. Со други зборови, при намалување на каматните стапки, цената на финансиските инструменти се зголемува повеќе отколку што покажува времетраењето и обратно, при пораст на каматните стапки, цената на финансиските инструменти се намалува помалку отколку што покажува времетраењето.Притота, колку е поголема конвексноста, толку е позначаен овој ефект. При дадени принос и времетраење на обврзницата, колку е помала купонската камата, толку е помала конвексноста на обврзницата. Оттука, бескупонските обврзници имаат најмала конвексност за дадено времетраење. Конвекноста на портфолиото составено од финансиски инструменти со фиксен принос се пресметува како пондериран просек од конвексноста на поединечните инструменти што го сочинуваат портфолиото:[2]

Cp = Σ xi Ci

каде: Cp - конвексност на портфолиото, Ci - конвексност на поединечните инструменти, xi - пондери на поедничените инструменти

  1. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 124.
  2. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 125-126.