Прејди на содржината

Комплемент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ако A е област која е обоена во црвено на оваа слика...
...тогаш комплементот на A е се друго.

Во теоријата на множества и други гранки на математиката, дефинирани се два вида на комплементи: релативен комплемент и апсолутен комплемент.

Релативен комплемент

[уреди | уреди извор]

Ако A и B се множества, тогаш релативниот комплемент на A во B, познат и како разлика на множества меѓу B и A, е множеството чии елементи припаѓаат на B, но не припаѓаат на A.

B minus A
B minus A
Релативниот комплемент
на A во B

Релативниот комплемент на A во B обично се пишува B  A (исто така и B \ A).

Формално:

Примери:

Следните изрази ги покажуваат некои важни особини на релативните комплементи во однос на операциите унија и пресек од теорија на множества.

PROPOSITION 1: Ако A, B, и C се множества, тогаш важат следните идентитети:

  • C  (AB)  =  (C  A) ∪(C  B)
  • C  (AB)  =  (C  A) ∩(C  B)
  • C  (B  A)  =  (AC) ∪(C  B)
  • (B  A) ∩C  =  (BC)  A  =  B ∩(C  A)
  • (B  A) ∪C  =  (BC)  (A  C)
  • A  A  =  Ø
  • Ø  A  =  Ø
  • A  Ø  =  A

Апсолутен комплемент

[уреди | уреди извор]
A complement
A complement
Комплементот на A во U

Ако е дефинирано универзално множество U, тогаш релативниот комплемент на A во U се нарекува апсолутен комплемент (или едноставно комплемент) на A, и се означува со AC, што значи:

AC  = U  A

На пример, ако универзалното множество е множеството на природни броеви, тогаш комплементот на множеството непарни броеви е множеството парни броеви.

Следниот израз ги покажува некои важни особини на апсолутните комплементи во однос на операциите унија и пресек од теорија на множества.


Ако A и B се подможества на универзално множество U, тогаш важат следните идентитети:

Де Морганови закони:
  • (A B)C  = AC BC
  • (A B)C  = AC BC
Закони за комплемент:
  • A AC  =  U
  • A AC  =  Ø
  • ØC  =  U
  • UC  =  Ø
  • Ако AB, тогаш BCAC
Инволуција или закон за двоен комплемент:
  • ACC  =  A.
Релации помеѓу релативен и апсолутен комплемент:
  • A  B = A  BC
  • (A  B)C = AC  B


Првите два горенаведени закони за комплемент покажуваат дека ако A е непразно подмножество на U, тогаш {A, AC} е партиција на U.