Клои (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Клои (англиски: Chloe) е американски филм, во режија на Атом Егојан. Главните улоги ги толкуваат: Џулиен Мур и Лијам Нисон.

Содржина[уреди | уреди извор]

Катарина, успешна докторка, почнува да се сомнева во верноста на својот сопруг и затоа, се одлучува да го провери својот сомнеж со помош на младата и привлечна Клои. Фатена во мрежата на сексуалните желби, Катарина сфаќа дека направила грешка и дека себеси и своето семејство го изложува на голема опасност.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 26.
  2. Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 24.