Прејди на содржината

Киченер бун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киченер бун
Киченер бун
ВидКрофна
Место на потеклоАвстралија

Киченер бун е вид на крофна што се прави и се продава во Јужна Австралија од 1915 година.[1] Направена е од слатко тесто слично на она што се користи за правење крофни, се дели и потоа се полнат крофните со џем и крем од малини или јагоди, и најчесто се служат попрскани шеќер во прав.

Овие крофни наликуваат на берлинските крофни,[2] пециво со германско потекло – иако од него се разликува по изгледот и употребата на повеќе крем отколку џем. Се смета дека корфната била именувана во чест на британскиот фелдмаршал Лорд Киченер.[3]

Во рецепт од 1930 година, џемот се затвора во пецивото пред пржењето, и не се споменува кремот[4] до 1934 година.[5] Десет години подоцна, пекар од улицата Унли Роуд бил казнет со глоба од околу 1000 долари за користење крем во неговите крофни Киченер, што тогаш било спротивно на одредбите во регулативите за национална безбедност.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „The Searchlight“. The Critic (Adelaide). South Australia. 24 March 1915. стр. 15. Посетено на 17 May 2020 – преку Trove.
  2. „A Rose“. The Daily Herald (Adelaide). South Australia. 25 October 1916. стр. 8. Посетено на 17 May 2020 – преку Trove.
  3. Jan O'Connell (16 September 1910). „1917 The Berliner becomes the Kitchener Bun“. A Timeline of Australian Food. Посетено на 22 March 2019.
  4. „Homecraft“. The Mail (Adelaide). South Australia. 1 March 1930. стр. 14. Посетено на 17 May 2020 – преку Trove.
  5. "Chronicle " Cooks Exchange Ideas“. The Chronicle (Adelaide). South Australia. 27 September 1934. стр. 57. Посетено на 17 May 2020 – преку Trove.
  6. „Cream In Kitchener Buns“. The Advertiser (Adelaide). South Australia. 18 August 1944. стр. 3. Посетено на 17 May 2020 – преку Trove.