Прејди на содржината

Кетогенеза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кетогенеза. Трите кетонски тела (ацетоацетат, ацетон, и бета-хидрокси-бутират) се означени со портокалови правоаголници

Кетогенеза — процес на создавање на кетонски тела во организмот како резултат на разложувањето на масните киселини. Кетогенезата се одвива во митохондриите на клетките во црниот дроб. Кетонските тела се синтетизираат од молекули на ацетил-КоА. Тие се: ацетоацетат, ацетон и β-хидроксибутират.