Керима Муча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Керима Муча
Родена Керима Тосум
1926
Дебар, Кралство Југославија (денес Македонија)
Националност Македонка
Занимање општественик


Керима Муча (моминско: Тосум; Дебар, 1926) — македонска комунистка и првоборец со албанско потекло.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Дебар во 1926 година. Во 1941 година, непосредно по Априлската војна, уште како малолетна под непосредно влијание на брата си се вклучила во НОБ како заднински соработник. Од февруари 1942 година била член на младинската воспитна група, а од 1943 година на КПМ. Истата година учествувала во четиридневните борби за ослободување на Дебар, го фрлила фереџето и работела на формирање на градскиот народноослободителен одбор. По повлекувањето на народноослободителните единици преминала во илегалство.[1]

По ослободувањето завршила средна партиска школа и извршувала разни општествени функции. Била референт за социјални грижи на Околискиот народен одбор во Скопје и член на Главниот одбор на ССРНМ од 1957 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија. II (изд. I.). Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1002. ISBN 978-608-203-024-1.