Категорија:Златко Ѓелески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Златко Ѓелески е писател, филмски, музички и книжевен критичар, роден на деветти февруари 1986 година во Битола. Основно и средно училиште има завршено во Кичево, а дипломира на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година.

           Активно се занимава со филмска критика од 2008 година, како уредник и издавач на списанието „Кошмар“. Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, музичките на „Плагијат“, а пишува филмски рецензии објавени во печатена форма во: „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“ и други магазини и дневни весници.

           Од 2011 година до ден денес е водител на филмската радио емисија „Danse Macabre“, која брои 12 сезони на „Канал 103“, како и специјализираната емисија за ТВ-серии „ТВ 103“ од 2020 година, која брои две сезони.

           Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на 12-тото издание на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013 година. Режисер е на краткометражните филмови „Од другата страна“ и „Мемоари“, организатор на ревијата на хорор филмови „Мрак Фест“, одговорен е и за музичките изданија на „Мрак“. Член беше на жири комисии на филмските фестивали: „Синедејс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“ и „Филозофски филмски фестивал“. Од 2017 и 2018 година водител е на јутјуб емисиите „Видеологија“ и „Ревизија“, а организира и мултимедијални забави со „Доминион Евентс“.

           Тој има објавено три збирки раскази: „Морбидизам“ во 2013 година, „Колекционерот на страв“ во 2015 година и „Понор“ во 2019 година, а секоја година неговите раскази се преведени и објавени на српски јазик, во неколку балкански антологии. Во 2021 година ќе биде објавена неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“. Расказите му се наградени и на неколку натпреварувачки конкурси во државата и објавени во различни спијанија и збирки, дигитални и печатени.  

Страници во категоријата „Златко Ѓелески“

Оваа категорија содржи само една страница.