Понор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Понор
АвторЗлатко Ѓелески
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачИздавачка куќа Бегемот
Издадена
2019
Медиумпечатено издание, 185×120 mm
Страници351

„Понор“ — збирка раскази од македонскиот писател Златко Ѓелески. Книгата е издадена во 2019 година од издавачкото претпријатие Бегемот.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

„Понор“ е збирка раскази, во кои авторот Ѓелески продолжува, со уште порадикална потреба, да ги истражува и да ги поместува креативните потенцијали на современиот, урбан и нему лично омилен – хорор-жанр, како и предизвиците на т.н. поетика на стравот, втемелена врз сознанијата дека стравот е основната и најискрена од човековите емоции.

За создавањето на ова дело Златко Ѓелески рекол: „Оваа книга почнав да ја пишувам со цел да ја проширам картографијата на мојот литературен свет и да ја прикажам сенката што ја пушта големиот град што ги привлекува сите жители кон своето јадро, со ветувањето за подобра иднина. Понор е град во кој, доколку еден жител одлучи да живее според туѓ терк или има намера да диктира туѓ живот, неговото тело станува транспарентно и лесно за запоседнување од неговиот двојник… Градот го третирам како жив организам што се храни од несреќата на неговите жители.“

Наводи[уреди | уреди извор]