Катаризација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Катаризацијата е владина иницијатива која е осмислена со цел да се зголеми бројот на катарски граѓани вработени во јавниот и приватниот сектор.[1] Целта е 50% од работната снага во секторот индустрија и енергија да се катарски граѓани.[2] Катаризацијата е еден од фокусите на Катарската национална визија за 2030 година.[1]

Додека населението на иселениците рапидно расте од крајот на 20 век, населението на Катар се има зголемено само со маргинални стапки. Затоа, како стратегија за намалување на зависноста од странска работна сила, катарската влада во последниве неколку години ја приоритизира катаризацијата.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Првата појава на катаризацијата била формулирана во 1962 година, со катарскиот закон за работни односи бр. 3, кој предвидувал дека на државјаните на Катар мора да им се даде прв приоритет за пополнување на слободните работни места.[4] Владиниот попис спроведен во 1970 година открил дека само 16% од економски активното население биле катарци.[5] Единствената индустрија со поголем процент на катарски граѓани на странци била нафтената индустрија, но и таа била резултат на катаризацијата.[5]

Во раните 1970-ти, откако Катар стекнал независност, административните места во јавниот сектор биле катаризирани. 97% од највисоките административни позиции во училишниот систем биле окупирани од Катарци до 1990-тите.[4]

Во мај 1997 година, емирскиот декрет пропишал дека најмалку 20% од вработените во бизнисите во приватниот сектор мора да бидат државјани на Катар. На 1 јуни 2000г, сеопфатната програма на катаризацијата стапила на сила со цел да се достигне 50% национална работна сила во енергетскиот сектор до 2005 година. Академици кои активно работат на аспектите на емиризацијата вклучуваат: Инго Форстенлехнер од Универзитетот на Обединетите Арапски Емирати, Касим Рандери од Британскиот универзитет во Дубаи, Пол Кноглингер од FHWien, Мари-Франс Ваксин од Американскиот универзитет во Шарја и многу други.[4]

Но, програмата не ја исполнила својата цел, затоа што Катарците сочинуваат само 28% од работната сила во енергетскиот сектор.[6]

Предизвици[уреди | уреди извор]

Една студија организирана од корпорацијата RAND, покажала дека катарските жени имаат двојно поголема веројатност да бидат високообразовани од мажите.[7] Сепак, како резултат на родово-исклучените дипломи на државните универзитети, одредени сектори не можат да имаат корист од повисоко образованата женска популација.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Qatarization“. Qatar Foundation. Архивирано од изворникот на 2017-06-04. Посетено на 27 June 2015.
  2. „Qatarization“. Qatar Chemical Company Ltd. Архивирано од изворникот на 2019-09-26. Посетено на 27 June 2015.
  3. Maryam Al-Subaiey. „Qatarization Policy – Implementation Challenges“ (PDF). Brookings Doha Center. стр. 3. Посетено на 27 June 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Dominic J. Brewer; Catherine H. Augustine; Gail L. Zellman; Gery W. Ryan; Charles A. Goldman; Gery Ryan (2007). Education for a New Era: Design and Implementation of K-12 Education Reform in Qatar. Rand Corporation. стр. 19.
  5. 5,0 5,1 Abdulla Juma Kobaisi. „The Development of Education in Qatar, 1950–1970“ (PDF). Durham University. стр. 9. Посетено на 17 June 2015.
  6. „Facing Human Capital Challenges of the 21st Century“ (PDF). RAND-Qatar Policy Institute. 2008. стр. 79. Посетено на 27 June 2015.
  7. „Facing Human Capital Challenges of the 21st Century“ (PDF). RAND-Qatar Policy Institute. 2008. стр. 61. Посетено на 27 June 2015.
  8. Maryam Al-Subaiey. „Qatarization Policy – Implementation Challenges“ (PDF). Brookings Doha Center. стр. 8. Посетено на 27 June 2015.