Карминатив

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карминатив, е растение или препарат наменет за превенција на формирањето на гас во гастроинтестиналниот тракт или за олеснување на неговата експулзија, а со тоа и третирање на флатуленцијата.

Како карминативи се користат: кимот, анасонот, слаткиот анасон и други.

Во современи лекови кои се користат за истата намена спаѓа симетиконот.