Канадско-македонска федерација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Канадско-македонската федерација скр. КМФ претставува федерација на македонски друштва со примарна дејност лобирање за признавање на независноста на Македонија и нејзин прием во Обединетите Нации. Била активна за обезбедување финансиска и материјална помош за Македонија. Била основана во Торонто, Канада во август 1990 година.[1] Активна е во Македонија со издавање на стипендии во областа на правото.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Katardžiev, Ivan (1994). Makedonskata politička emigracija po Vtorata svetska vojna. Arhiv na Makedonija.
  2. „Стипендии од Канадско-македонската федерација за Меѓународното македонско движење за човекови права“. Агенција за иселеништво. 20 февруари 2009. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2010-07-20.