Канабидиолот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Канабидиолот (скратено е CBD, КБД) спаѓа во групата на супстанции наречени канабиноиди кои природно се појавуваат во растенијата канабис. За разлика од тетрахидроканабинолот TХК, кој е најпознатиот канабиноид, КБД ги нема истите психоактивни ефекти бидејќи директно не ги стимулира СВ1 и СВ2 канабиноидните рецептори.[1] КБД се наоѓа во скоро сите сорти на канабис. Содржината на супстанцијата во растението варира од количина во трагови до околу 95% од присутните канабиноиди.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите обиди за изолирање на активната состојка од канабисот датираат од 19 век. Канабидиолот за прв пат беше подетално проучуван во 1940 година во Минесота. Хемиската формула на КБД е добиена со одвојување од дивиот коноп. Неговата структура и стереохемија беа официјално дефинирани во 1963 година.

Ефекти[уреди | уреди извор]

Во 2017 година Светската здравствена организација ја прогласи КБД за состојка што не предизвикува зависност, со добар безбедносен профил и со терапевтски придобивки.[2]

Од 2019 година, се појавија докази дека канабидиолот има значителни невролошки ефекти врз луѓето[3][4] и се користи во САД и во Европската унијаза за лекувањето на одредени видови на епилепсија (Dravet синдром, синдром Lennox-Gastaut, туберозна склероза).[5][6] Постојат широко распространети тврдења дека КБД исто така помага во лекувањето на дијабетес и Паркинсонова болест, но нема научни докази за таквите ефекти на канабидиолот.[7][8]

Во септември 2019 година, Светската антидопинг агенција (ВАДА) го отстранува КБД од листата на забранети супстанции.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cannabidiol displays unexpectedly high potency as an antagonist of CB1 and CB2 receptor agonist“. researchgate.net. Посетено на 2022-03-31.
  2. „A World Health Organization perspective on cannabidiol (CBD)“. openaccessgovernment.org. Посетено на 2022-03-31.
  3. „Clinicians' Guide to Cannabidiol and Hemp Oils“. mayoclinicproceedings.org. Посетено на 2022-03-31.
  4. „Cannabinoids for the treatment of mental disorders and symptoms of mental disorders: a systematic review and meta-analysis“. thelancet.com. Посетено на 2022-03-31.
  5. „FDA Approves First Drug Comprised of an Active Ingredient Derived from Marijuana to Treat Rare, Severe Forms of Epilepsy“. fda.gov. Посетено на 2022-03-31.
  6. „Epidyolex“. ema.europa.eu. Посетено на 2022-03-31.
  7. „USE OF CANNABIDIOL (CBD) FOR PD SYMPTOMS“. apdaparkinson.org. Посетено на 2022-03-31.
  8. „CBD & Diabetes“. diabetes.org. Посетено на 2022-03-31.
  9. „Marijuana FAQ“. usada.org. Посетено на 2022-03-31.