Калуѓер (Рогачево)
На падините на Шар Планина, до изворот „Калуѓер”, на полјана под големите карпи од каде што започнува планината. Месото се наоѓа на 1 километар северно од Рогачево.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Според верувањата тука прво се населиле калуѓери по битката на Косово, а дури после тоа настанало селото.
Начин на пристапување
[уреди | уреди извор]До ова место се стигнува по асфалтиран пат кој води кон караулата која се наоѓа на крајот од селото.
Место
[уреди | уреди извор]Во месноста „Калуѓер” се наоѓа црквата „Св. Илија”. Тука извира изворот „Калуѓер”. На полјаната се направени голем број дрвени и мермерни клупи и маси. Веднаш под црквата се наоѓа главниот дел од ова излетничко место. Тоа е покриена бетонска платформа која располага со шест отвори за казани, скара, маса и чешма од која тече изворска вода
Природни атракции
[уреди | уреди извор]Чист воздух, прекрасна природа, ладна вода и температура пониска дури и од таа во селото. Во месноста се наоѓаат дабови дрвја стари по 300 години. Потокот поминува низ коренот на едно големо старо дрво.
Во 2005 година реализиран е Проект за заштита на постоечката каптажа и партерното уредување на околината на изворот „Калуѓер”, како дел од програмата наменета за заштита на животната средина и природата.
Проектот за заштита на изворот „Калуѓер” спаѓа во проектите за заштита на изворите на чиста вода за пиење од отпадните води и заштита на природни богатства на Република Македонија.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |